Билансот на Ковид-19 во светот: Над 338 илјади смртни случаи

Бројот на заразените изнесува над 5 милиони 269 илјади, а на оздравените над 2 милиони 325 илјади лица

1422257
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 338 илјади смртни случаи

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 338 илјади, на заразените над 5 милиони 269 илјади, а на оздравените над 2 милиони 325 илјади лица

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата во светот, изнесува над 97 илјади. Американскиот претседател Доналд Трамп од гуернерите нд сојузните држави бараше да ги отворат верските храмови за богослужба, кои беа затворени во рамките на мерките против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) потенцирајќи дека во спротивно ќе ги искористи своите права како претседател. Имамите, калуѓерите и рабините ќе бидат сигурни дека верските заедници се наоѓаат во безбедност. Во Америка ќе имаме потреба од уште многу молитвни.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за уште 130 и изнесува 32 616. Бројот на заразените се зголеми за уште 1 638 и изнесува 59 322.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за уште 74 и изнесува 28 289 лица. Бројот на заразените со раст од 403 се зголеми на 219 082 пациенти.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Шпанија во последните 24 часа се зголеми за уште 56 и изнесува 28 628 лица. Бројот на заразенте се зголеми за уште 446 и изнесува 234 824. Во Мадрид и Барселона кадешто се забележани најголем број на случаи од Ковид-19, од понеделник наваму во процесот на нормализирање се премина кон втората етапа.



Слични вести