Во Карачи во Пакистан се сруши патнички авион со 107 патници

Патнички авион кој патувал на релација Чајот-Карачи и во кој се наоѓале вкупно 107 лица од кои 99 патници и 8 членови на екипажот се срушил врз населено место во близина на аеродромот во градот Карачи

1421881
Во Карачи во Пакистан се сруши патнички авион со 107 патници

Во градот Карачи  во Пакистан се сруши патнички авион во сопственост на Пакистанската меѓународна авиокомпанија (PIA) во кој се наоѓале 107 патници.

Како што се истакнува патничкиот авион кој патувал на релација Чајот-Карачи се срушил врз населено место во близина на аеродромот во Карачи.

Портпаролот на Пакистанската меѓународна авиокомпанија (PIA) Абдул Сатар истакна дека патничкиот авион од типот Ербас А-320 со своите 99 патници и 8 членови на екипажот полетал од градот Лахор и се урнал врз населено место во близина на аеродромот во градот Карачи.

На споделените снимки преку социјалните медиуми се гледа дека на местото кадешто се урнал патничкиот авион се оштетени голем број згради и возила и дека по несреќата на местото на настанот се испратени противпожарни екипи.

Воедно и пакистанската армија соопшти дека на местото на несреќата се испратени армиски екипи за спасување кои ги започнаа своите активности во областа.



Слични вести