Трамп најави повлекување на САД од Договорот за отворено небо

Американскиот претседател Доналд Трамп во дворот на Белата куќа даде изјави за новинарите и притоа ги потврди тврдењата околу тоа дека САД ќе се повлечат од Договорот за отворено небо

1421549
Трамп најави повлекување на САД од Договорот за отворено небо

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД ќе се повлечат од Договорот за отворено небо, се додека Русија не ги исполни своите одговорности.

Трамп во дворот на Белата куќа даде изјави за новинарите и притоа ги потврди тврдењата околу тоа дека САД ќе се повлечат од Договорот за отворено небо.

„Нашите односи со Русија се многу добри, меѓутоа Русија не го почитува овој договор. Ќе се повлечеме од договорот се додека Русија не ги исполни своите одговорности, но тоа е многу добра можност за постигнување нов договор или повторно составување на овој договор.“ - рече Трамп.

Инаку, Русија и САД се наоѓаат меѓу 34-те земји потписнички на Договорот за отворено небо со којшто се дозволуваат ненаоружани летови за извидување, а со цел поттикнување на транспарентноста во воените активности и олеснување на контролата на оружјето и набљудувањето на другите договори.

Меѓу земјите потписнички на Договорот за отворено небо кој се предвидува како мерка за зголемување на довербата и безбедноста на просторот на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и е отворен за потпис во 1992 година, се наоѓа и Турција.



Слични вести