Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот во изминатите 24 часа

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД надмина 96 илјади лица, во Велика Британија изнесува 36.393, Италија 32.486, Франција 28.215, Шпанија 27.940, Бразил 20.047, Белгија 9.212, Германија 8.309, Канада 6.136, Мексико 6.152, Холандија 5.775

1421431
Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот во изминатите 24 часа
koronavirüs ABD New York.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
abd kovid.JPG
abd korona.jpg
SÜPER FOTO KORONA İNGİLTERE.1.jpg
ingiltere.jpg
Korona İngiltere 3.jpg
süPER FOTO KORONA İTALYA 2.jpg
italya sosyal mesafe.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.3.jpg
ispanya karantina sonrası (11).jpg
ispanya karantina sonrası (7).jpg
ispanya karantina sonrası (4).jpg
süPER FOTO KORONA FRANSA.2.jpg
fransa kovid.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
fransa maske.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg
brezilya kovid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот достигна до 335 илјади 108 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 5 милиони 219 илјади 900, додека бројот на оздравените заболени пациенти надмина 2 милион 97 илјади.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кои се и епицентар на глобалната епидемија во светот. Бројот на починатите од Ковид-19 достигна до 96 илјади 389, а на регистрираните случаи на зараза се искачи на 1 милион 622 илјади 342 лица. Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека во чест на починатите од Ковид-19 во текот на 3 дена знамињата во земјата ќе бидат спуштени на половина копје. Освен тоа, Трамп соопшти дека доколку дојде до втор бран од Ковид-19 нема да биде сопрена економијата во земјата. Велејќи дека неговата земја во процесот на епидемијата научи многу нешта, Доналд Трамп застана во одбрана на тоа дека се крајно подготвени и за брановите коишто ќе следат. 

Во Велика Британија, епицентарот на глобалната епидемијата во Европа, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 36.393 лица, а на регистрираните случаи на зараза на 250.908. Британската влада соопшти дека е постигнат договор со швајцарската мултинационална компанија „Роше“ и американската „Абот“ за обезбедување на тестови за антитела, а во земјата почнаа да се пробаат тестови за Ковид-19 кои даваат резултат за 20 минути.

Во Италија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за 156 лица во изминатите 24 часа се зголеми на  вкупно 32.486, додека бројот на активни случаи на зараза се намали за 1.792 лица и опадна на 60.960. Вкупниот број на регистрираните случаи на зараза во Италија изнесува 228.006 лица, а досега оздравеа 134.560 заболени пациенти од вирусот. Претседателот на Институтот за високо здравје (ISS) проф. Силвио Брусаферо истакна дека кривата (графиконот) на епидемијата на Ковид-19 во земјата е со тенденција на константен пад.

Во Франција бројот на починатите од Ковид-19 со раст за 83 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 28.215, а на регистрираните случаи на зараза со раст за 1.735 лица, се искачи на вкупно 218.679. Здравствените работници во главниот град Париз одржаа протест против условите на работа.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за уште 48 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 27.940, а на регистрираните случаи на зараза со раст за 344 лица се искачи на 233.037. Привлекува внимание тоа што 5 дена редум бројот на смртните случаи во земјата изнесува под 100 лица.

Бродот за крстарење, крузер, којшто се укотви во пристаништето на Барселона во источниот дел на земјата и на кој се наоѓаа 400 патници од различни нации, откако беше утврден Ковид-19 кај членовите на посадата, е ставен под карантин. 

Од друга страна, шпанскиот министер за наука и иновација Педро Дуке соопшти дека во рамките на работите за пронаоѓање вакцина против Ковид-19 коишто продолжуваат во Шпанија се очекува наесен да се премине кон тестирање на вакцината врз луѓе.

Во Германија бројот на починатите изнесува 8.309 лица. Во џамиите коишто поради епидемијата на Ковид-19 извесно време се затворени за верски обред (ибадет), во рамките на процесот на нормализација денеска се клањаше првиот џума намаз (петочната молитва).

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Канада се зголеми на 6.152 лица, на случаите на зараза над 80 илјади, а досега оздравеа 40.776 лица.

Во латиноамериканската држава Бразил бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 20.047 лица, а на случаите на зараза се достигнаа до речиси 300 илјади. Како што се истакнува, поради демографски причини и немаштија во Бразил има поголем број починати млади лица и лица на средна годишна возраст во споредба со другите земји. Според официјалните статистички податоци, 69 отсто од починатите од Ковид-19 во земјата се лица над 60 годишна возраст, додека процентот на смртните случаи под 60 годишна возраст кој што на почетокот на месец април изнесуваше 19 отсто, во текот на оваа недела се зголеми на 31 отсто.

Во Мексико, бројот на смртните случаи од епидемијата на Ковид-19 се искачи на 6.510, а на регистрираните случаи на зараза на 59.567.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни и европски земји е вака: Белгија 9.212, Холандија 5.775, Шведска 3.871, Перу 3.148, Еквадор 2.939, Швајцарија 1.898, Ирска 1.583, Португалија 1.277, Полска 972, Чиле 589, Белорусија 185.



Слични вести