Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1421449
Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка
koronavirüs Çin.jpg
koronavirüs Çin.jpg
China.jpeg
China.jpeg
wuhan yaşam.jpg
iran-virus.jpg
iran korona.jpg
iran-corona.jpg
covid-19 guney kore.jpg
g.kore.jpg
SÜPER FOTO KORONA RUSYA 1..jpg
rusya korona.jpg
SÜPER FOTO RUSYA 2.jpg
arap ulkeleri kovid.jpg
super covid 19 guney afrika
koronavirüs afrika.jpg
afrikakorona.jpg
guney afrika cmh. korona.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот достигна до 335 илјади 108 лица, на случаите на зараза се зголеми на над 5 милиони 219 илјади 900, додека бројот на оздравените заболени пациенти надмина 2 милион 97 илјади.

Пандемијата на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на новиот тип коронавирус (Ковид-19), животот го загубија 4.634 лица, а се регистрирани вкупно 82.967 случаи на зараза.

Во Јужна Кореја починаа 264, а од вирусот се инфектирани 11.122 лица.

Во Пакистан бројот на смртните случаи се зголеми на 1.067, а на вкупните случаи на зараза на 50.694 лица.

Во Индија бројот на починатите од Ковид-19 изнесува 3.600 лица, а во изминатите 24 часа се регистрирани 6.088 нови случаи на зараза. Вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 119.524 лица, а одсега се оздравени и 49.026 лица.

Во Русија бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 3.099, а на случаите на зараза на 317.554. Во главниот град Москва, епицентарот на епидемијата во Русија бројот на починатите се зголеми на 1.794, а на регистрираните случаи на зараза на 155.219 лица.

Бројот на смртните случаи во некои други источни земји (арапски земји и земји во Азија) е вака: Иран 7.300, Индија 3.438, Индонезија 1.278, Украина 579, Бангладеш 408, Саудиска Арабија 351, Обединетите Арапски Емирати 237, Молдавија 232, Ерменија 70, Казахстан 35, Сингапур 23, Катар 17, Киргистан 14, Узбекистан 13, Грузија 12.

На континентот Африка бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 3.031 лице, а на регистрираните случаи на зараза на 96.829.

Во Нигерија животот го загубија 211 лица, а има 7.016 регистрирани случаи на зараза. Во рамките на мерките против Ковид-19 во земјата е донесена одлука за клањање на Бајрам намазот (бајрамската молитва) во домовите, а не во џамиите.

Во Јужноафриканската Република кадешто почина и едно дводневно новороденче заболено од новиот тип коронавирус (Ковид-19), бројот на смртните случаи од вирусот изнесува 339, а на регистрираните случаи на зараза над 18 илјади лица.

Во Судан бројот на човечките загуби од Ковид-19 се зголеми на 121 лице, а бројот на случаите на зараза на 3.138.

Бројот на смртните случаи од коронавирусот во некои други земји во Африка е вака: Египет 696, Алжир 575, Јужна Африка 339, Нигерија 200, Мароко 196, Камерун 140.

 



Слични вести