Предупредување од Русија до Израел во врска со планот за анексија на Западниот Брег

МНР на Русија: Овие видови експанзионистички дејствија на Израел, освен тоа што ќе станат причина за појава на опасна спирала на насилство на палестинските територии, би можеле да ја дестабилизираат ситуацијата на Блискиот исток во целина и тоа загрижува

1421542
Предупредување од Русија до Израел во врска со планот за анексија на Западниот Брег

Русија соопшти дека планот на Израел за анексија на Западниот Брег може да стане причина за појава на опасна спирала на насилство во Палестина.

Во објавеното писмено соопштение од руското министерство за надворешни работи се анализира изјавата на палестинскиот претседател Махмуд Абас во врска со планот за Израел за анексија на Западниот Брег кој прогласи дека нема да останат приврзани кон ниту еден договор и постигната спогодба со Израел и САД.

Во соопштението на МНР на Русија се истакнува следното: „Руската страна низа пати ги предупреди своите израелски партнери против применувањето на едностраните планови коишто покрај тоа што се во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), се косат и со меѓународната законска рамка за решение на Блискиот исток којашто ги содржи одлуките на Арапската мировна иницијатива.“

Во соопштението се вели дека анексијатаќе го направи невозможен континуитетот на територијата на Западниот Брег како неделлив дел за опстојување на државата Палестина во иднина којашто ќе се потпира на границите од 1967 година.

„Овие видови експанзионистички дејствија на Израел, освен тоа што ќе станат причина за појава на опасна спирала на насилство на палестинските територии, би можеле да ја дестабилизираат ситуацијата на Блискиот исток во целина и тоа загрижува“, - се вели во соопштението на руското министерство за надворешни работи и се упатува повик до сите страни за избегнување од активности за попречување на директните преговори и од чекори коишто би биле причина за појава на една нова опасна состојба во регионот.



Слични вести