Одговор од Русија на најавата на САД за повлекување од Договорот за отворено небо

Веднаш по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој истакна дека САД ќе се повлечат од Договорот за отворено небо, почнаа да пристигнуваат изјави и од Русија по ова прашање

1421604
Одговор од Русија на најавата на САД за повлекување од Договорот за отворено небо

Русија, очекува од САД официјално известување во врска повлекувањето од Договорот за отворено небо.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова во дадената изјава за руската државна телевизија Росија-24 во врска со прашањето го рече следното: „Во однос на тоа дека САД ќе се повлечат од договорот до руската страна не пристигна одредено официјално известување или соопштение преку дипломатските канали. Русија, за утврдување на својот приод очекува САД да ја разјаснат својата позиција по ова прашање.“

Рускиот заменик министер за надворшени работи Александар Грушко исто така во дадената изјава за руската новинска агенција „ТАСС“ ја изнесе следната констатација: „Повлекувањето на САД од овој договор ќе претставува нов удар врз стабилноста и воената безбедност на Европа.“

Директорот на Одделот за контрола на оружјето при руското министерство за надворешни работи Владимир Јермаков пак, истакна дека доколку САД се повлечат од Договорот за отворено небо Русија располага со „Б“ план.



Слични вести