Член на Претседателскиот совет на Либија: Му дојде крајот на воениот злосторник Хафтар

Мухамед Амари, членот на Претседателскиот совет на Либија, на својот профил на Фејсбук напиша: „„Му дојде крајот на воениот злосторник Хафтар. Наското ќе ја добие заслужената казна.“

1421905
Член на Претседателскиот совет на Либија: Му дојде крајот на воениот злосторник Хафтар

Членот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед Амари истакна дека му дојде крајот на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата и дека наскоро ќе ја добие заслужената казна.

Амари во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук го напиша следното: „Дојде времето, генералот пучист Хафтар наскоро ќе ја добие заслужената казна.“

Нагласувајќи дека либиската влада ќе ги врати назад од рацете на милициските сили на Хафтар сите градови и ќе ја воспостави контролата во целата земја, Амари воедно им честита и на племињата во Асабиа кои пред два дена одлучија да и се приклучат на либиската влада.

Членот на Претседателскиот совет на Либија Мухамед Амари го повика да се приклучат кон либиската влада и народот во градот Терхуне и областа Берка и го истакна следното: „Му дојде крајот на воениот злосторник Хафтар. Наското ќе ја добие заслужената казна. Ви ја подаваме нашата рака. Вратата на татковината е отоврена секогаш за вас и за целиот либиски народ.“

Од друга страна, либиската армија го повика цивилното население во градот Терхуне да стои далеку од областите на судир коишто од страна на милициските сили на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните сили во источниот дел на земјата, се користат како места за реализација на нападите врз главниот град Триполи.

Мухамед ал-Афас, еден од пратениците на Коалицијата на честа која располага со 19 пратенички места во Парламентот на Тунис, и честита на либиската влада за извојуваните победи против милициските сили на Хафтар.



Слични вести