Трамп и Макрон разговараа телефонски за економски прашања и ситуацијата во Либија

Трамп и Макрон ја изразија загриженоста од влошувањето на состојбата во Либија со надворешните интервенции и постигнаа согласност за потребата од што поскоро намалување на затегнатоста во регионот

1421135
Трамп и Макрон разговараа телефонски за економски прашања и ситуацијата во Либија

Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон водеа телефонски разговор во кој ја нагласија потребата за што поскоро намалување на затегнатоста во Либија.

Во објавеното писмено соопштение од Белата куќа се истакнува дека Трамп и Макрон вчера остварија телефонски разговор во врска со процесот за повторно активирање на економиите на двете земји и на глобалната економија. 

Во соопштението се вели дека двајцата лидери во телефонскиот разговор констатираа дека со нетрпение го очекуваат Самитот на Г-7 што ќе се одржи наскоро и дека Трамп и Макрон разгледаа значајни регионални и  билатерални прашања.

"Трамп и Макрон ја изразија загриженоста од влошувањето на состојбата во Либија со надворешните интервенции и постигнаа согласност за потребата од што поскоро намалување на затегнатоста во регионот." - стои во објавеното соопштение од Белата куќа.



Слични вести