Повик од 4 земји на СБ на ОН до Израел да се откаже од планот за анексија на Палестина

Сергеј Лавров на израелскиот колега Габи Ашкенази му рекол дека Русија е против планот за анексија на управата на Тел Авив на некои подрачја во Западниот Брег

1421187
Повик од 4 земји на СБ на ОН до Израел да се откаже од планот за анексија на Палестина

4 западни земји на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) меѓу кои Франција, Германија, Белгија и Естонија како и поранешната членка на Советот Полска, упатија повик до Израел да се откаже од планот за анексија на Палестина.

Наведените пет земји објавија заедничко соопштение во кое изразија спремност за поддршка на повторното започнување на преговорите за изнаоѓање праведно и трајно решение на спорот меѓу Израел и Палестина.

Се додека не се постигне конкретен договор меѓу Израел и Палестина, ние нема да прифатиме ниту една промена која што ќе се коси со прекршувањето на постигнатиот договор за границите од 1967 година. Затоа апелираме до Израел да се откаже од едностраната анексија на Западниот Брег.

Во меѓувреме, израелската државна телевизија соопшти дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на израелскиот колега Габи Ашкенази му рекол дека Русија е против планот за анексија на управата на Тел Авив на некои подрачја во Западниот Брег.



Слични вести