Палестина ја одби помошта на ОАЕ

Палестинскиот министер за здравство Меј Кејле рече дека во врска со хуманитарната помош од ОАЕ не е оставрена никаква координација со нас

1421447
Палестина ја одби помошта на ОАЕ

Палестинската управа ја одби хуманитарната помош на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) која во рамките на борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) ја испрати преку Израел.

Палестинскиот министер за здравство Меј Кејле во говорот на манифестацијата што беше одржана во рамките на борбата против Ковид-19 во градот Бејтухалим (Витлеем) во Западниот Појас кој се наоѓа под изарелска окупација рече дека во врска со хуманитарната помош од ОАЕ не е оставрена никаква координација со нас. Затоа ја одбиваме оваа помош која пристигна без наша кординација.

Кејле потенцираше дека Палестина е држава и се што ќе се направи во врска со Палестина, треба да се координира со нас.

Од друга страна пак, еден анонимен палестински извор истакна дека наведената медицинска помош која беше испратена од страна на ОАЕ, беше испратена во координација Николај Младенов за Израел.

Истиот извор потенцираше дека официјален Абу Даби не воспостави координација со Палестинската управа.

Медицинската помош е испратена во рамките на процесот на нормализација на односите меѓу арапскиот свет и Израел, поради што ние ја одбиваме оваа помош.

Авионот на авиокомпанијата Етихад ервајс на ОАЕ во вторникот првпат оствари лет за Израел со која земја Абу Даби нема диплоамтски односи, а со цел да ја достави медицинската помош наменета за Палестина.

Карго авионот на авиокомпанијата Етихад ервејс која во рамките на борбата против Ковид-19 ја пренесуваше медицинската помош во знак на поддршка на Палестинците во Западниот Брег и Појасот Газа кои се наоѓаат под окупација, слета на аеродромот Бен Гурион во близината на Тел Авив.



Слични вести