Во вооружени напади врз две џамии во Авганистан загинаа 11 лица

Во реализирани вооружени напади од страна на неидентификувани лица врз две џамии во провинциите Перван и Хост во Авганистан загинаа 11 лица, а 6 мина се ранети меѓу кои и едно дете

1420413
Во вооружени напади врз две џамии во Авганистан загинаа 11 лица

Во реализирани вооружени напади врз две џамии во провинциите Перван и Хост во Авганистан загинаа 11 лица, а 6 мина се ранети меѓу кои и едно дете.

Портпаролот во губернијата на Перван Вахиде Шехкар во дадената изјава за печатот истакна дека од страна на неидентификувани лица е извршен вооружен напад врз џамијата во селото Хилазеј во кој загинаа 8 цивили кои отишле во џамијата за клањање намаз, а 5 мина се ранети.

Шехкар рече дека напаѓачите озбегале од областа.

Портпаролот на губернијата на Хост Талип Менгел исто така истакна дека од страна на неидентификувани лица е извршен вооружен напад врз џамијата во селото Курчак во населеното место Сабари во кој загинаа 3 цивили, а е рането едно дете.

Засега никој не ја презеде одговорноста и за двата вооружени напади.



Слични вести