Триполи: Соработката помеѓу либиската влада и Турција се применува транспарентно и отворено

„Како Влада на Либија, нашата соработка со Турција која е членка на НАТО, претставува наше природно право коешто произлегува од нашата сувереност“ - рече заменик министерот за одбрана на Либија потполковник Салахаддин ен-Немруши

1420370
Триполи: Соработката помеѓу либиската влада и Турција се применува транспарентно и отворено

Заменик министерот за одбрана на Либија потполковник Салахаддин ен-Немруши изјави дека соработката помеѓу либиската влада и Турција се применува транспарентно и отворено.

Немруши во објавеното писмено соопштение на профилот на социјалната мрежа Фејсбук на операцијата Вулкан на гневот којашто се спроведува од страна на либиската влада го истакна следното: „Како Влада на Либија, нашата соработка со Турција која е членка на НАТО, претставува наше природно право коешто произлегува од нашата сувереност. Помагањето помеѓу Триполи и Анкара е во усогласеност и со меѓународните закони.“

Нагласувајќи дека постигнатите договори со Турција се остварени како реакција против поддршката на Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Јордан и Русија на пучистот Халифа Хафтар, Немруши го подвлече следното: „Воениот злосторник Хафтар не се двоуми од продолжување на нападите за преземање на власта. И покрај толку многу извршени злосторства и масакри, е неуспешен.“



Слични вести