Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот во изминатите 24 часа

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД надмина 93.590 лица, во Велика Британија изнесува 35.341, Италија 32.169, Франција 28.239, Шпанија 27.778, Бразил 17.971, Белгија 9.150, Холандија 5.715, Еквадор 2.799

1420086
Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот во изминатите 24 часа
kovid abd.jpg
abd kovid.jpg
abd koronavirus.jpg
corona-abd.jpg
koronavirüs ABD New York.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
SÜPER FOTO KORONA İNGİLTERE.1.jpg
ingiltere yasaklar gevşeme.jpg
süPER FOTO KORONA İTALYA 2.jpg
super italya covid-19
koronavirüs İtalya.jpg
italya sosyal mesafe.jpg
italya
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.3.jpg
ispanya karantina sonrası (16).jpg
ispanya karantina sonrası (7).jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.2.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler10.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler2.jpg
süPER FOTO KORONA FRANSA.2.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
koronavirüs Belçika.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 325 илјади 500, на случаите на зараза се искачи на над 5 милиони 16 илјади, додека бројот на оздравените заболени пациенти надмина 1 милион 979 илјади 600 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на глобалната епидемија, бројот на починатите надмина 93.590 лица, на регистрираните случаи на зараза се искачи на над 1 милион 520 илјади, а досега оздравеа и над 350 илјади заболени од вирусот. Во Њујорк кој со 28 илјади смртни случаи е најмногу погоден од вирусот, најголем број мртви има меѓу црнците и Латиноамериканците. Во Бруклин пак, е затворено едно еврејско училиште за кое се вели дека не се придржувало кон забраните од Ковид-19 и продолжувало со образование. Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп, на прашањето каква реформа бараат од Светската здравствена организација (СЗО) одговори со зборовите „Светската здравствена организација (СЗО) треба да се прибере и да срабоди подобра работа.“

Во Велика Британија, епицентарот на глобалната епидемијата во Европа, бројот на починатите од Ковид-19 во изминатите 24 часа со раст за 545 лица се зголеми на вкупно 35.341. Заедно со регистрираните 2.412 новозаразени за еден ден, бројот на инфектираните во земјата се искачи на вкупно 248.818 лица. Британскиот министер за здравство Мет Ханкок во дадената изјава во Парламентот соопшти дека 89 отсто од починатите од Ковид-19 во земјата се стари лица над 69 годишна возраст. И покрај тоа што во домовите за старци животот го загубија приближно 15 илјади лица, министерот за правда Роберт Бикланд, застана во одбрана на тоа дека се применува правилна политика поради тоа што се „фокусира на болниците, а не на домовите за старци“.

Во Италија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за 162 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на  вкупно 32.169, додека бројот на активни случаи на зараза се намали за 1.424 лица и опадна на 65.129.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Франција се зголеми на вкупно 28.239, а на регистрираните случаи на зараза со раст за 813 лица, се искачи на вкупно 217.339 лица. Од друга страна, генералниот директор при Министерството за здравство Џероми Саломон истакна дека кај 152 деца во Франција е забележан синдром којшто покажува слични симптоми со болеста Кавасаки којашто влијае на срцето и коронарните артерии и садови и дека се истражува дали оваа болест е поврзана со епидемијата на коронавирусот (Ковид-19).

Во Шпанија,  бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за 83 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 27.778 лица и привлекува внимание тоа што од 2 април кога беше доживеан пик од 950 починати 3 дена како по ред бројот на смртните случаи изнесува под 100 лица. Бројот на случаите на зараза пак, во Шпанија со раст за 295 новозаразени во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 232.037, а досега оздравеа над 150 илјади лица. Шпанската влада во рамките на мерките против епидемијата на Ковид-19 почнувајќи од утре воведе задолжително носење на маска во јавни места за лицата над 6 години. Освен тоа владата препорача да носат маска и децата од 3 до 5 годишна возраст. 

Во Белгија бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 9.150 лица, а на случаите на зараза со раст за уште 192 лица во изминатите 24 часа, се искачи на вкупно 55.983 лице.

Во Холандија досега починаа 5.715 лица, а се регистрирани 44.447 случаи на зараза. Холандската влада истакна дека првата фаза од олабавувањето на мерките помина позитивно и соопшти дека од 1 јуни ќе може да се премина на втората фаза.

Во главниот град на Грција, Атина, повторно се отворени за верски обред (ибадет) месџидите коишто  поради мерките против Ковид-19 два месеци како се држат затворени.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во латиноамериканската држава Бразил се зголеми на 17.971 лице, а на случаите на зараза на 271.628. 

Во Еквадор од новиот тип коронавирус (Ковид-19) има 2.799 смртни случаи и 33.582 регистрирани случаи на зараза.

Во Австралија кадешто има 100 човечки загуби во државата Нов Јужен Велс училишата ќе бидат отворени на 25 мај, а почнувајќи од 1 јуни ќе се дозволи да се оди и на одмор.



Слични вести