Махмуд Абас издаде инструкција веднаш да биде прекината координацијата со Израел

Палестинскиот претседател Махмуд Абас им издаде инструкција на претседателот на Генералниот совет за цивилни работи Хусејин еш-Шејх и шефот на разузнавањето Маџид Фереџ, веднаш да биде прекината комуникацијата со Тел Авив

1420447
Махмуд Абас издаде инструкција веднаш да биде прекината координацијата со Израел

Палестинскиот претседател Махмуд Абас им издаде инструкција на безбедносните функционери веднаш да биде прекината координацијата со Израел.

Според веста на израелскиот јавен информативен сервис (КАН) повикувајќи се на еден анонимен палестински функционер, палестинскиот претседател Махмуд Абас им издаде инструкција на претседателот на Генералниот совет за цивилни работи на Палестина (одговорен за комуникација со Израел) Хусејин еш-Шејх и шефот на разузнавањето Маџид Фереџ, веднаш да биде прекината комуникацијата со Тел Авив.

Абас кој вчера вечер во Рамалах се состана со високите палестински функционери за рагзледување на мерките коишто ќе бидат фрлени против планот на Израел за анексија на Западниот Брег, го истакна следното: „Палестина и Палестинската ослободителна организација (ПЛО) нема да се придржуваат кон ниту еден договор и спогодба помеѓу Израел и Соединетите Американски Држави (САД), вклучувајќи го и безбедносниот договор.“ 

 



Слични вести