До крајот на 2020 година во САД од Ковид-19 би можеле да починат 350 илјади до 1,2 милиони лица

Едно спроведено истражување стави до знаење дека дури и да би останале со месеци во примена актуелните правила за социјално растојание, бројот на починатите од Ковид-19 во САД на крајот на 2020 година ќе се зголеми трократно

1420322
До крајот на 2020 година во САД од Ковид-19 би можеле да починат 350 илјади до 1,2 милиони лица

Според едно истражување, во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) до крајот на годинава (2020) може да се зголеми трократно.

Спроведено истражување од страна на Институтот за политика и економија при Фармацевтскиот факултет на Вашингтонскиот универзитет стави до знаење дека дури и да би останале со месеци во примена актуелните правила за социјално растојание, бројот на починатите од вирусот Ковид-19  во САД на крајот на 2020 година ќе се зголеми трократно.

Анирбан Басу, економист за здравје кој беше задолжен во ова истражување, истакна дека дури и кога вирусот би продолжил да се шири со претходни стапки пред олабавувањето на ограничувањата во врска со социјалното растојание, значи дека на крајот на годината од Ковид-19 животот ќе го загубат од 350 илјади до 1,2 милиони Американци.

Велејќи дека бројот на починатите би можел да се намали само со преземање на мошне сериозни мерки во врска со јавното здравје, Анирбан Басу го достави слендото предупредување: „Во спротивно, доколку вирусот продолжи да се шири како типичниот грип којшто инфектира 10 отсто од населението на САД, би можеле да починат приближно половина милион Американци.“

Басу потсети дека според официјалните соопштени бројки во САД, во земјата се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на зараза и починаа повеќе од 90 илјади лица, а воедно додаде дека вистинските влијанија на вирусот се многу поголеми од овие бројки.



Слични вести