Турција и испрати медицинска помош на Тунис

Амбасадорот Онанер објавата ја сподели со етикетата „Заедно ќе ја победиме“ и додаде дека турската поддршка на Тунис во борбата против Ковид-19 ќе продолжи и во иднина

1419932
Турција и испрати медицинска помош на Тунис

Карго авионот со медицинската помош која Турција во рамките на борбата против новиот тип на коронавидурот (Ковид-19) и ја испрати на Тунис, слета на меѓународниот аеродром Картагина.

Амбасадорот на Република Турција во Тунис Али Онанер во објавата преку профилот на твитер истакна дека во Картагина го пречекаа најголемиот карго авион на турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс Б777300 кој ја донесе медицинската помош.

Минатата недела, хуманитарната и медицинска помош беше испорачана на островот Џербе на југот на Тунис.

Амбасадорот Онанер објавата ја сподели со етикетата „Заедно ќе ја победиме“ и додаде дека турската поддршка на Тунис во борбата против Ковид-19 ќе продолжи и во иднина.

На хуманитарните пакети се напишани зборовите на Мевлана Џaлаледин Руми „Во позадината на безнадежноста се наоѓаат низа надежи, во позадината на темнината се наоѓаат низа сонца“ и изразот „Со љубов од Турција до тунискиот народ“.

Амбасадорот Онанер освен тоа што ја пречека хуманитарната помош исто така им ја предаде на тунските власти.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за задравство на Тунис беше истакнато дека во рамките на поддршката на борбата против епидемијата, Турција испрати медицинска помош на Тунис.

Во соопштението беше објавена и информацијата дека помошта се состои од заштитни материјали, медицинска опрема и хируршки маски.



Слични вести