Во етнички судир во Нигерија загинаа 38 лица, а голем број се повредени

Во етнички судир во провинцијата Адамава во Нигерија загинаа 38 лица, голем број се повредени, а се запалени и голем број куќи

1419360
Во етнички судир во Нигерија загинаа 38 лица, а голем број се повредени

Во судир помеѓу две етнички групи во провинцијата Адамава во Нигерија животот го загубија 38 лица.

Според вестите објавени во националниот печат, во насилствата помеѓу етничките групи Хауса и Чабо во областа Тигно животот го загубија 38 лица, голем број се повредени, а се запалени и голем број куќи.

Началникот на полицијата во провинцијата Адамава Сулеиман Нгуроје го потврди судирот, меѓутоа не даде информации во врска со бројот на загинатите. 

Нгуроје истакна дека во областа се испратени безбедносни сили и дека немирите се ставени под контрола.

Инаку, поради недоразбирања во врска со земјиштето повремено доаѓа до судири помеѓу етничките групи во провинцијата Адамава.



Слични вести