Состојбата со Ковид-19 во светот: Бројот на смртните случаи во САД надмина 90 илјади

Во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на глобалната епидемија, бројот на починатите изнесува 90.996 лица, на регистрираните случаи на зараза се зголеми на 1 милион 515 илјада 966, а досега оздравеа над 340 илјади заболени од вирусот

1419101
Состојбата со Ковид-19 во светот: Бројот на смртните случаи во САД надмина 90 илјади
abd koronavirus kovid.jpg
Korona ABD 7.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
koronavirüs ABD New York.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
abd kovid.JPG
abd koronavirus.jpg
kovid abd.jpg
abd kovid.jpg
new york süperhaber.jpg
covid-19 new york
new york mobil morg donduruculu kamyon korona 2
SÜPER FOTO KORONA İNGİLTERE.1.jpg
ingiltere yasaklar gevşeme.jpg
Korona İngiltere 2.jpg
Korona İngiltere 3.jpg
italya sosyal mesafe.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
super italya covid-19
koronavirüs italya.jpg
italya
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.3.jpg
ispanya karantina sonrası (8).jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.2.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler10.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler5.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler2.jpg
Koronavirüs İspanya.4.02.04.jpg
süPER FOTO KORONA FRANSA.2.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
koronavirüs Belçika.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 317.200 лица, на случаите на зараза изнесува над 4 милиони 895 илјади 200, додека досега оздравеа приближно 1 милион 871 илјади 600 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на глобалната епидемија, бројот на починатите се зголеми на 90.996, на регистрираните случаи на зараза на 1 милион 515 илјада 966 лица, а досега оздравеа над 340 илјади заболени од вирусот.

Американскиот претседател Доналд Трамп на чело на програмата за вакцина којашто е формирана против новиот тип коронавирус го назначи муслиманскиот лекар од мароканско потекло Монсеф Слауи и овој развој наиде на големо интересирање и привлече големо внимание. Слауи е познат како еден од водечките лекари во светот во сферата на вакцината.

Во Велика Британија, епицентарот на епидемијата во Европа, бројот на починатите од Ковид-19 во изминатите 24 часа со раст за 170 лица се зголеми на вкупно 34.636, а на случаите на зараза во уште 3.142 новозаразени се искачи на 243.303 лица. Во земјата меѓу симптомите на Ковид-19 се додадени и губењето на чувството на вкус и мирис.  Досега во Велика Британија се бараше да се изолираат само лицата кај кои постои постојана кашлица и висока температура.

Во Италија, бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со раст за 145 лица за еден ден, се зголеми на  вкупно 31.908, додека бројот на активни случаи на зараза во земјата изнесува 68 илјади. Вкупниот број на инфектирани лица од вирусот досега изнесува 225.435, а на оздравените 125.176 лица. 

Според вестите објавени во италијанскиот печат, во градот Риети оздравела една 104 годишна жена која се наоѓала на лекување од Ковид-19. Во земјата, под услов почитување на правилата на социјално растојание и хигиена се прават подготовки за повторно отворање на верските објекти, фризерските салони и центрите за убавина-естетика, рестораните, баровите, кафетериите, музеите, библиотеките. Во меѓувреме, експерти упатуваат повик до народот за придржување кон правилата и прописите за заштита од евентуален нов бран на епидемијата.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Франција во изминатите 24 часа со раст за 483 лица, се зголеми на вкупно 28.108, бројот на регистрираните случаи на зараза со раст за 490 лица се искачи на вкупно 216.030 лица од кои 179.569 се активни, а досега оздравеа 61.213 заболени од вирусот. По отворањето на училиштата на 11 мај кои беа затворени во рамките на мерките поради Ковид-19, во земјата се дијагностицирани 70 ученици позитивни на вирусот.

Во Шпанија,  бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 27.650, на случаите на зараза на 277.719, а досега оздравеа 195.945 лица. Во земјата продолжуваат да се шират протестите коишто се одржуваат против одлуките на левичарската коалициона влада во борбата против епидемијата на Ковид-19. Групите кои ги носат овие протести на улица и во кои мнозинството го сочинуваат симатизери на десничарските партии, ја критикуваат владата поради политиките коишто ги води против Ковид-19. Извикуваат слогани „оставка“. Групите со шпански знамиња ги критикуваат процесот на постепена нормализација, продолжувањето на вонредната состојба и мерките коишто ги презема владата во врска со економијата на земјата подложена на влијанието на Ковид-19.

Бројот на починатите во Белгија се зголеми на 9.080 лица, а на регистрираните случаи на зараза над 55 илјади. Денеска постепено почнаа да се отвораат за образование училиштата во земјата.

Во Германија, бројот на починатите од коронавирусот се зголеми на 8.049 лица, а на случаите на зараза надмина 176 илјади. Министерот за надворешни работи Хеико Мас истакна дека по 15 јуни ќе се укине предупредувањето за патување во странство коешто беше објавено поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека наместо тоа ќе се издава известување за патување.

Во Грција, во рамките на процесот на нормализација ќе бдиаѕт отворени повторно за колективен верски обред (ибадет) џамиите и црквите под услов да се почитуваат правилата на социјално растојание.

Во Нов Зеланд кадешто од Ковид-19 досега животот го загубија 21 лице, се регистрирани вкупно 1.499 случаи на зараза, а досега оздравеа 1.433 заболени пациенти. Во земјата животот почна полека да се враќа во нормала и во изминатите 24 часа се направени 2.570 теста и не е утврден ниту еден случај на зараза. Се истакнува дека е сопрено ширењето на епидемијата на Ковид-19 и почна да се изведува настава во училиштата.  

Во државата Нов Јужен Велс во Австралија од Ковид-19 почина уште едно лице, со што вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 99.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Канада се зголеми на 5.782 лица, на случаите на зараза на 75.864, а досега оздравеа 37.819 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други западни и европски земји е вака: Бразил 16.122, Холандија 5.680, Мексико 5.177, Шведска 3.679, Еквадор 2.736, Перу 2.648, Швајцарија 1.881, Ирска 1.543, Португалија 1.218, Чиле 450.

 



Слични вести