Протест против новоформираната коалициона влада на Нетанјаху

Протестот беше одржан веднаш по изгласаната доверба на новоформираната коалициона влада во израелскиот Парламент, Кнесетот

1419161
Протест против новоформираната коалициона влада на Нетанјаху

Група активисти кои се собраа пред владината зграда во Западен Ерусалим (Кудс) беше одржан протест против новоформираната коалициона влада помеѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и лидерот на Бени Ганц, лидерот на Сино-белиот Сојуз.

Протестот беше одржан веднаш по изгласаната доверба на новоформираната коалициона влада во израелскиот Парламент, Кнесетот.

Учесниците на протестот истакнаа дека поради обвинувањата за корупција со кои се трети Нетанјаху не треба да се наоѓа на чело на Владата и извикуваа слогани во однос на тоа дека Бени Ганц не требаше да учествува во коалиционата влада.

Во истата област една друга група одржа митинг за поддршка на новоформираната коалициона влада. 

Притоа, израелската полиција интервенираше на затегнатоста до којашто дојде помеѓу двете спротивставени групи.

Израелската полиција ги растера демонстрантите, а некои демонстранти беа притворени.



Слични вести