Либиската армија ја воспостави контролата во воената база Ватије

Како што е соопштено, либиската армија ја воспостави контролата во воената база Ватије која се наоѓаше под окупација на милициските сили лојални на Халифа Хафтар

1419302
Либиската армија ја воспостави контролата во воената база Ватије

Либиската армија соопшти дека е воспоставена контролата во воената база Ватије која беше под окупација на милициските сили лојални на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата.

Според објавеното соопштение од канцеларијата за печат на операцијата Вулкан на гневот којашто се реализира од страна на либиската армија, командантот на одделот за западната операција на либиската армија Усаме Џувејли соопшти дека е воспоставена контролата во воената база Ватије која се наоѓаше под окупација на милициските сили на Хафтар.

Инаку, воздушните елементи на либиската армија во изминатите 48 часа уништија вкупно 3 системи за воздушна одбрана "Панцир" од руско производство, од кои 2 во воената база Ватије, а кои им биле обезбедени на милициските сили на Хафтар од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). 

Лидерот на милициските сили пучистот Халифа Хафтар откако во април 2019 година ја издаде наредбата за заземање на главниот град Триполи интензивно ја користеше базата Ватије за бомбардирање на околината на Триполи.

Либиската армија со операцијата што ја започна на 25 мај стави крај на надвласта којашто ја имаа милициските сили на Хафтар со воената база Ватије.



Слични вести