Билансот на Ковид-19 во светот: Над 313 илјади 250 смртни случаи

Бројот на заразените во светот изнесува над 4 милиони 772 илјади, а на оздравените над 1 милион 813 илјади

1418724
Билансот на Ковид-19 во светот: Над 313 илјади 250 смртни случаи

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 313 илјади 250, на заразените над 4 милиони 772 илјади 200, а на оздравените над 1 милион 813 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) која важи за седиште на епидемијата во светот, изнесува над 90 илјади. Гувернерот на Њујорк Ендрју Куамо рече дека од Сенатот очекуваат што поскоро да го усвои законот со кој се предвидува поддршка на сојузните држави во борбата против Ковид-19. Досега во САД од Ковид-19 умреа најмалку 24 Турци. Еден Турчин умре поради доцнењето во воспиставувањето точна дијагноза, поради што умре од Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија која важи за седиште на епидемијата во Европа, во последните 24 часа се зголеми на 34 илјади 400. Граѓаните излегоа на протести во Лондон поради полицискиот час што се спроведува во земјата. Околу 40 демонстранти од собраните во Хајд Парк, претставници на есктремно десничарите, Пирс Корбин братот на лидерот на главната опозициона партија Џереми Корбин кој го изнесува ставот дека епидемијата има врска со 5Г технологијата и уште 6 лица беа приведени од страна на безбедносните сили.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 153 и изнесува 31 763 лица, додека бројот на заразените се зголеми за уште 1 883 и изнесува 70 187. По интензивните барања од регионалните управи, Владата направи осврт на развојот на епидемијата и донесе одлука со која рестораните, баровите, кафетериите, верските храмови да се отворат на 18 мај.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за 96 и изнесува 27 625 лица. Министерот за високо образование, истражувања и иновации Фредерик Видал рече дека вакцината не може да се открие пред 18 месеци.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил се зголеми за уште 845 и изнеува 15 662.



Слични вести