Состојбата со Ковид-19 во светот: Над 306 илјади починати и повеќе од 4,6 милиони инфектирани лица

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во САД изнесува приближно 88. 507, во Велика Британија над 34 илјади, Италија 31.160, Шпанија 27.561, Франција 27.529, Бразил 14.962, Белгија 9.005, Германија 8.001, Холандија 5.670, Канада 5.576, Мексико 4.477

1418253
Состојбата со Ковид-19 во светот: Над 306 илјади починати и повеќе од 4,6 милиони инфектирани лица
covid-19 new york
new york süperhaber.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
abd koronavirus.jpg
abd kovid.JPG
koronavirüs ABD New York.jpg
koronavirüs ABD covid-19.jpg
abd kovid.jpg
Koronavirüs ABD.jpg
italya sosyal mesafe.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
super italya covid-19
koronavirüs italya.jpg
italya
Koronavirüs İtalya.2.02.04.jpg
italya koronavirus.jpg
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.3.jpg
SÜPER FOTO KORONA İSPANYA.1.jpg
ispanya koronavirüs.jpg
ispanya karantina sonrası (7).jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.2.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler10.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler2.jpg
Koronavirüs İspanya.4.02.04.jpg
ingiltere yasaklar gevşeme.jpg
SÜPER FOTO KORONA İNGİLTERE.1.jpg
Korona İngiltere 3.jpg
Korona İngiltere 2.jpg
fransa maske.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg
koronavirüs Belçika.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 308 илјади 900, на случаите на зараза изнесува над 4 милиони 643 илјади 100, додека досега оздравеа 1 милион 768 илјади 500 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на глобалната епидемија, бројот на починатите достигна до 88.550 лица, на регистрираните случаи на зараза на 1 милион 471 илјада лица, а оздравеа 317.727 заболени од вирусот.

Американскиот претседател Доналд Трамп на одржаната прес конференција во Белата куќа рече: „Сметаме дека ќе ја имаме вакцината до крајот на годината, а ако можеме ќе ја направеме и порано. По ова прашање немаме его. Работиме со нашите сојузници, понекогаш работиме и со оние кои не се наши сојузници. Кој и да ја развие вакцината тоа ќе биде извонредно.“ 

Во меѓувреме, по тврдењата дека „е голема веројатноста да даваат погрешен резултат тестовите за новиот тип коронавирус коишто ги користи Белата куќа, Американската агенција за храна и лекови (ФДА) соопшти дека треба да им се изврши втор тест на лицата за кои постои сомневање дека се заразени од вирусот. Од друга страна, пристигна лоша вест и од петте војници кои беа излекувани и потоа се вратија на бродот носач „USS Theodore Roosevelt“, а за кои е соопштено дека биле повторно зарзени со Ковид-19. На овој брод носач на кој се наоѓаат на задача 4.900 војници и во март се укотви на островот Гуам по што беше ставен во карантин, како последно бројот на случаите на зараза од коронавирусот изнесуваше над илјада лица.

Директорот на Центарот за контрола и спречување на болести (CDC) на САД Роберт Редфилд соопшти дека се претпоставува дека до 1 јуни бројот на смртните случаи од Ковид-19 во земјата ќе надмине 100 илјади лица. Американската биофармацевтска фирма "Sorrento Therapeutics" тврди дека открила антитело коешто го заштитува човечкото тело од Ковид-19 и за 4 дена го исфрлување вирусот од телото. Оваа фирма застанува во одбрана на тоа дека откриеното антитело по име STI-1499 сто посто го спречува вирусот Ковид-19 и истакнува дека лекувањето со ова антитело би можело да биде готово за користење пред неколку месеци пред да биде изнесена на пазарот вакцината против Ковид-19. Од друга страна се наведува дека, американскиот претседател Доналд Трамп повторно ќе ослободи дел од суспендираните фондови за Светската здравствена организација (СЗО) која ја обвини за делување на страната на Кина во пандемијата на Ковид-19 и ја обвини за неуспешност. Според писмото од 5 страници до кое дојде "Фокс Њуз", управата на Трамп во одредени сфери ќе и обезбеди на Светската здравствена организација (СЗО) финансиски средства колку што плаќа Кина. Претставничкиот дом на САД пак, го одобри новиот пакет со економска поддршка во износ од 3 трилиони долари, во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во Велика Британија, епицентарот на епидемијата во Европа, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 34.466, а на случаите на зараза се искачи на вкупно 236.711. Во земјата е установено дека мажите во споредба со жените користат помалку маска којашто пак се прикажува како најефикасен метод за заштита од новиот тип коронавирус. Според едно спроведено истражување, 15 отсто мажи и 11 отсто жени се воздржани по прашањето на ставање маска и велат дека би можеле да не користат маска. Освен тоа мажите сметаат дека ставањето маска е показател на слабост и дека поради тоашто тоа не изгледа добро ставаат помалку маска во споредба со жените.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 242 лица за еден ден, се зголеми на  вкупно 31.610, додека бројот на активни случаи на зараза во земјата се намали за 4.370 лица и опадна на 72.070. Вкупниот број на инфектирани лица од вирусот досега изнесува 223.885, а на оздравените 120.205 лица. Во меѓувреме, Владата и претставниците на исламската заедница во Италија се договорија за повторно отворање за верски обред-клањање (ибадет) на џамиите и месџидите на 18 мај, а кои беа затворени во рамките на преземените мерки во борбата против коронавирусот. Италијанската влада, во рамките на олабавувањето на мерките во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) од 3 јуни ќе ги отвори границите на земјата со земјите членки на Европската унија (ЕУ).

Во Шпанија бројот на смртните случаи се зголеми на 27.561, на случаите на зараза на 274.367, а досега оздравеа 188.967 лица. Шпанскиот премиер Педро Санчез на одржаната прес конференција рече: "Се до пронаоѓање на вакцината мораме да прифатиме да живееме заедно со вирусот. Во овој процес делувањето со претпазливост мора да биде правило. Затоа владата ќе побара од Парламентот за последен пат да биде продолжена за уште 1 месец вонредната состојба во земјата."

Бројот на починатите од Ковид-19 во Франција со раст за уште 104 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 27.529, бројот на регистрираните случаи на зараза во истиот период со раст за 942 лица се искачи на вкупно 215.632, а досега оздравеа 60.448 заболени од вирусот.

Во Австрија бројот на починатите се зголеми на 628 лица, а на случаите на зараза на 16.108. По приближно 2 месеци во земјата постепено ги отворија своите врати верските објекти и рестораните. 

Во латиноамериканската држава Бразил кадешто бројот на смртните случаи изнесува 14.962, а на заразените 202.918 лица, министерот за здравство Нелсон Теич кој стапи на должност пред приближно еден месец, поднесе оставка.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои западни и европски земји е вака: Белгија 9.005, Германија 8.001, Холандија 5.670, Канада 5.576, Мексико 4.477, Шведска 3.646, Еквадор 2.594, Перу 2.392, Швајцарија 1.878, Ирска 1.518, Португалија 1.190, Чиле 394, Аргентина 353, Белорусија 156. 

 



Слични вести