Повик од Европскиот парламент за подготвување пакет за спасување во висина од 2 трилиони евра

Европскиот парламент (ЕП) на својата седница во Брисел изгласа принципиелна одлука за подготвување пакет за спасување од економските влијанија на корона кризата во висина од 2 трилиони евра

1418319
Повик од Европскиот парламент за подготвување пакет за спасување во висина од 2 трилиони евра

Европскиот парламент (ЕП) упати повик за подготвување пакет за спасување во висина од 2 трилиони евра против економските влијанија на новиот тип коорнавирус (Ковид-19).

На седницата на Европскиот парламент во белгискиот главен град Брисел со 505 гласа "за" е изгласана принципиелна одлука во врска со идниот буџет на Европската унија (ЕУ) и економскиот пакет за спасување од кризата со Ковид-19.

Во одлуката се истакнува дека 27 земји членки на Европската унија (ЕУ) за водење борба против економските влијанија на епидемијата имаат потреба од фонд за спасување во висина од 2 трилиони евра. 

Исто така се напоменува дека идниот буџет на ЕУ и фондот за спасување наместо придонеси од земјите членки треба да содржи повеќе сопствени ресурси.

Изгласаната одлука која не е правно обврзувачка и е во својство на препорака, за нејзино ставање во примена треба да биде одобрена од страна на Европскиот парламент (ЕП) и да биде едногласно изгласана од земјите членки во Европскиот совет. 



Слични вести