Во антитерористички операции во Мозамбик за два дена се неутрализирани 50 терористи

Во јужноафриканската држава Мозамбик во реализирани антитерористички операции за два дена се неутрализирани 50 терористи

1417925
Во антитерористички операции во Мозамбик за два дена се неутрализирани 50 терористи

Во реализираните операции од страна на безбедносните сили на Мозамбик во северниот дел на земјата, за два дена се неутрализирани 50 терористи.

Министерот за внатрешни работи Амаде Микуидаде истакна дека безбедносните сили два дена како реализираат операции против терористите на магистралниот пат Чинда-Мбау и областа Куисанга во провинцијата Кабо Делгадо. 

Микуидаде рече дека во реализираната операција од страна на безбедносните сили вчера на магистралниот пат Чинда-Мбау се неутрализирани 42 терористи, а денеска во областа Куисанга се неутрализирани 8 терористи.

Инаку, во Мозамбик од минатата година досега се реализирани голем број терористички напади врз јавните згради и безбедносните сили. 

За нападите се смета за одговорна терористичката организација Еш Шебаб, додека засега не е потврдено дали оваа организација е поврзана со терористичката организација која го носи истото име во Сомалија.



Слични вести