Гутерес: Малку веројатно е дека ќе се одржат годинашните состаноци на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес информира дека поради пандемијата на Ковид-19 постои можност за неодржување на годинашните состаноци на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во САД

1417869
Гутерес: Малку веројатно е дека ќе се одржат годинашните состаноци на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес во интервју за француското неделно списание „Paris-Match“ информира дека  поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) постои можност за неодржување на годинашните состаноците на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД) коишто се одржуваат редовно секоја година во месец септември и на кои се состануваат светските лидери. 

Гутерес го рече следното: „Малку веројатно е дека илјадници претставници од сите четири страни на светот ќе можат да пристигнат во Њујорк во септември за годишното Генерално собрание на ООН.“

Велејќи дека за годинашните состаноци на Генералното собрание коишто се совпаѓаат со одбележувањето на 75-годишнината од основањето на Организацијата на обединетите нации (ООН) се работи на различни алтернативи коишто ги нуди технологијата, Антонио Гутерес додаде дека за тоа како ќе се одржи годинашното Генерално собрание на Обединетите нации ќе одлучат земјите членки на светската организација. 



Слични вести