Билансот на Ковид-19 во источните и неразвиените земји во светот

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Индија изнесува 2 644, додека на заразените 81 705

1417751
Билансот на Ковид-19 во источните и неразвиените земји во светот

Во период кога бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 300 илјади, на заразените над 4,5 милиони, а на оздравените над 1 милион 700 илјади, расте и бројот на смртните случаи и заразените во источните и неразвиени земји во светот.

Владата на Тунис соопшти дека почнувајќи од денес ќе почне со попуштање на рестрикциските мерки кои ги воведе по утврдувањето на првиот случај на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) на 2 март.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Индија изнесува 2 644, додека на заразените 81 705.

Во кампот на муслиманите Рохингја од Аракан во подрачјето Кокс Базар во Бангладеш беше утврден првиот случај на заразен од новиот тип на коронавирусот поради што 2 лица беа ставени во карантин. Во КОкса Базар досега се дијагностицирани 132 пациенти. Со раст од 283, вкупниот број на смртни случаи во Бангладеш се зголеми на 18 863.

Бројот на смртните случаи во Сенегал изнесува 23, а на заразените 2 189. Владата покрај тоа што донесе одлука за отворање на верските објекти за вероисповед, верските поглавари донесоа одлука џамиите да бидат затворени за петочните намази во рамките на ресрикциските мерки против Ковид-19 и џемаатот заедно да не клања намаз.



Слични вести