Терористички напад со возило бомба во градчето Африн на северот на Сирија

Во експлозијата се ранети двајца цивили, а воедно е предизвикана материјална штета и се доведени во неупотреблива неколку возила во околината

1417279
Терористички напад со возило бомба во градчето Африн на северот на Сирија

Во експлозија на бомба поставена во паркирано возило во центарот на градчето Африн во северниот дел на Сирија, кое со реализираната операција Маслиново гранче беше исчистено од терористите, се ранети двајца цивили.

Во експлозијата е предизвикана материјална штета и се доведени во неупотреблива состојба неколку возила во околината.

Безбедносните сили кои извршија увид на местото на експлозијата стојат на можноста дека нападот е реализиран од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Инаку, терористите на ЈПГ/ПКК кои продолжуваат со окупацијата на подрачјата на Тел Рифат и Менбич често реализираат терористички напади врз подрачјата на Ал Баб, Азез, Џераблус и Африн, во северниот дел на Сирија.

 



Слични вести