Столтенберг: НАТО е спремно да ја поддржи либиската влада во Триполи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Сојузот е спремен да ја поддржи либиската Влада во Триполи

1417477
Столтенберг: НАТО е спремно да ја поддржи либиската влада во Триполи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за високотиражниот италијански весник „Ла Република“ се осврна на низа прашања од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) до актуелни регионални случувања на чело со Медитеранот.

Столтенберг истакна дека НАТО е подготвено да ја поддржи Владата на Либија во Триполи, додека во врска со амбаргото на оружје за Либија го рече следното: „Постои ембарго на оружје кон кое треба да се придржуваат сите страни во Либија. Тоа не значи да се сметаат за еднакви Владата на Фајез Ал Сараџ која е призната од страна на Обединетите нации (ОН) и Хафтар (пучистот Халифа, лидерот на илегалните вооружени сили во источниот дел на Либија). Затоа НАТО е спремно да ја поддржи Владата во Триполи.“

Тој рече: „Русија и Кина во однос на доставената помош на Италија со искривување на вистината преку коронавирусот вршат колективна дезинформација и пропаганда како со своите влади, така и со невладините актери.“

На едно поставено прашање дали е погрешно или не тоа што италијанскиот премиер Џузепе Конте ја прими помошта на Русија, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг  напомена дека НАТО стапи во акција и сојузниците направија многу за да си помагаат меѓусебно и дека одлуката по прашањето на помошта им припаѓа на владите.

Столтенберг додаде дека е значајно овој вид на помош да не се употребува за дезинформација.



Слични вести