Швајцарија на 15 јуни повторно ги отвора границите со Германија, Франција и Австрија

Швајцарија донесе одлука за повторно отворање на границите со Германија, Франција и Австрија коишто беа затворени со цел ставање под контрола на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1416937
Швајцарија на 15 јуни повторно ги отвора границите со Германија, Франција и Австрија

Швајцарскиот Федерален Совет соопшти дека е постигнат принципиелен договор за повторно отворање на границите со Германија, Франција и Австрија коишто беа затворени со цел ставање  под контрола на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во објавеното писмено соопштение од Швајцарскиот Федерален Совет се потсетува дека по прогласената вонредна состојба на 16 март беа затворени границите со соседните земји.

Во соопштението се истакнува дека министерката за правда и миграција Карин Келлер-Сутер разговарала со министрите за внатрешни работи на трите земји и се вели дека под услов тоа да го дозволи епидемолошката состојба е постигната согласност за, повторно отворање на границите кон средината на јуни.

Во соопштението внимание привлече тоа што не станува збор за тоа кога ќе бидат отворени границите со Италија, како соседна земја којашто е најмногу погодена од Ковид-19 во Европа.

Инаку, епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Швајцарија досега стана причина за смртта на 1. 870 лица.



Слични вести