Предупредување од СЗО: Ковид-19 може да остане постојан во светот исто како ХИВ вирусот

Директорот на Програмата за итни состојби на организацијата Мајк Рајан предупреди дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) може да остане постојан во светот исто како ХИВ вирусот (Синдромот на стекнат имунолошки дефицит-СИДА)

1416936
Предупредување од СЗО: Ковид-19 може да остане постојан во светот исто како ХИВ вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во седиштето на организацијата во швајцарскиот град Женева одржа состанок за печатот преку видеоконференција на кој директорот на Програмата за итни состојби на организацијата Мајк Рајан одговараше на поставените прашања.

Мајк Рајан предупреди дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) може да остане постојан во светот исто како ХИВ вирусот (СИДА-Синдромот на стекнат имунолошки дефицит).

Велејќи дека во голем број земји во светот се преземаат чекори за олабавување на мерките кон враќање на животот во нормала, Рајан нагласи дека заедно со тоа патот за ставање под контрола на епидемијата е многу долг.

Тој рече: „Сите сме загрижени од појава на магичен круг во јавното здравје и економската катастрофа во случај на олабавување на изолациите без претходно да се утврдат новите можни бранови на епидемијата.“

На едно поставено прашање во врска со работите за пронаоѓање вакцина против Ковид-19 пак, Директорот на Програмата за итни состојби на организацијата Мајк Рајан го достави следното предупредување: „Мислам дека е важно да бидеме реални. Овој вирус може да остане ендемски (постојан) во нашите општества. Овој вирус (Ковид-19) може да не исчезне.“

Велејќи „Не исчезна и ХИВ и се навикнавме на условите“, Рајан укажа на тоа дека против ХИВ вирусот се пронајдени методи за лекување и превенции, така да луѓето веќе не се плашат од ХИВ како порано.



Слични вести