Последната состојба со Ковид-19 во светот: Бројот на инфектираните изнесува над 4,4 милиони

Бројот на смртните случаи во САД од Ковид-19 изнесува 85.268, во Велика Британија на 33.614, Италија 31.106, Шпанија 27.321, Франција 27.074, Бразил 13.240, Белгија 8.903, Германија 7.861, Холандија 5.590, Канада 5.302, Мексико 4.220, Шведска 3.460

1416884
Последната состојба со Ковид-19 во светот: Бројот на инфектираните изнесува над 4,4 милиони
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.3.jpg
SÜPER FOTO KORONA İSPANYA.1.jpg
SüPER FOTO KORONA İSPANYA.6.jpg
KORONAVİRUS SUPR
abd kovid.jpg
Londra.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
new york süperhaber.jpg
abd koronavirus.jpg
ispanya karantina sonrası (8).jpg
ispanya karantina sonrası (11).jpg
ispanya karantina sonrası (7).jpg
super italya covid-19
koronavirüs İtalya.jpg
italya sosyal mesafe.jpg
italya covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се доближи до 300 илјади, на случаите на зараза изнесува над 4 милиони 464 илјади, додека досега оздравеа повеќе од 1 милион 678 илјади лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на глобалната епидемија, бројот на починатите се зголеми на 85.268 лица, а на регистрираните случаи на зараза на 1 милион 432 илјади 86 лица. Досега се излекувани 298.593 лица заболени од вирусот.

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се појави веднаш по потпишаниот трговски договор со Кина и го рече следното: „Дури и 100 трговски договори нема да ги надоместат изгубените невини животи.“ Трамп истакна дека влијанието на вирусот врз младите е многу мало и дека и покрај пандемијата гувернерите на сојузните држави треба да ги отворат училиштата. Во главниот град Вашингтон DC,  досега се дијагностицирани 6.584 лица позитивни на Ковид-19, а животот го загубија 350 лица.

Универзиттеот Калифорнија Стејт, пред можноста од појава на нов бран во епидемијата директните испити лице в лице ги одложи до летото во 2021 година. Во меѓувреме, во Њујорк којшто е најмногу погоден од епидемијата, во период кога се дискутира за плановите за постепено отворање на економијата, воедно се истакнува дека враќањето назад на работа на вработените во канцелариите би можело да не биде како во периодот пред епидемијата. Во Њујорк досега се регистрирани 348.655 случаи на зараза, а починаа 27.175 лица.

Во Велика Британија, епицентарот на епидемијата во Европа, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 33.614, а на случаите на зараза на 229.705 лица. Велика Британија е на второ место во светот по бројот на починатите по САД, а на прво место во Европа. 

Во Италија, бројот на смртни случаи од Ковид-19 со раст за уште 195 лица за еден ден, се зголеми на  вкупно 31.106, додека вкупниот број на активни случаи на зараза во земјата се намали за уште 2.809 лица и опадна на 78.457. Вкупниот број на дијагностицирани лица со коронавирусот во земјата досега изнесува 222.104 лица, а заедно со уште 3.502 оздравени во изминатите 24 часа, досега се излекувани и вкупно 112.541 пациент. 

Во Шпанија, бројот на починатите од новиот тип коронавирус со раст за уште 184 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 27.104, а на случаите на зараза изнесува над 271 илјада.

Бројот на починатите во Франција со раст за уште 83 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 27.074, а бројот на регистрираните случаи на зараза од вирусот во истиот период со раст за 507 лица се искачи на вкупно 214.169.

Во Белгија кадешто има 8.903 смтни случаи и 54.288 регистрирани случаи на зараза, продолжуваат постепено да се олабавуваат мерките коишто се преземени во склопот на епидемијата. Во тие рамки училиштата под строги превентивни мерки на 18 мај ќе бидат повторно отворени. Белгиската премиерка Софи Вилмес истакна дека до 39 јуни се забранети сите културни, спортски и други колективни манифестации и го рече следното: „Веројатно пред летото ќе нема враќање на животот го нормала.“

Бројот на смртните случаи во латиноамериканската држава Бразил со раст за 749 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 13.240. 

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои западни и европски земји е вака: Германија 7.861, Холандија 5.590, Канада 5.302, Мексико 4.220, Шведска 3.460, Еквадор 2.334, Перу 2.169, Швајцарија 1.870, Ирска 1.497, Португалија 1.175, Чиле 346.

 



Слични вести