Последната состојба со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка

Глобалната епидемија на Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1416888
Последната состојба со Ковид-19 во источните земји, арапските земји и Азија и Африка
wuhan yaşam.jpg
wuhan.jpg
çin koronavirüs.jpg
koronavirüs Çin.jpg
rusya koronavirüs.jpg
g.kore koronavirus.jpg
SÜPER FOTO RUSYA 2.jpg
SÜPER FOTO RUSYA 1.jpg
rusya korona.jpg
Süper Foto Korona Rusya.1.jpg
super covid 19 guney afrika
afrikakorona.jpg
Güney Afrika.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се доближи до 300 илјади, на случаите на зараза изнесува над 4 милиони 464 илјади, додека досега оздравеа повеќе од 1 милион 678 илјади лица.

Ковид-19 продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на епидемијата којашто се појави во декември минатата година, се премина кон алармантна состојба уште во еден град. Откако во последните денови е забележан раст во бројот на случаите на зараза од Ковид-19 во градот Џилин почнаа да се воведуваат нови превентивни меркиво чии рамки се воведени некои забрани, а се донесени ограничувања и за градскиот превоз и за собирање на народот.

Досега во Кина од Ковид-19 животот го загубија вкупно 4.633 лица, а се регистрирани 82.926 случаи на зараза. Во градот Вухан во провинцијата Хубеј кадешто се појави епидемијата , се започнати работи за тестирање на сите жители. Тестирањето на 11 милиони жители кои живеат во Вухан се предвидува да заврши за 10 дена.

Во Иран бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 71 лице во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 6.854.

Бројот на починатите во Јапонија досега изнесува 715, а на случаите на зараза 16.883 лица, додека во 39 провинции во земјата се укинати условите за вонредн аосстојба коишто се применуваат во рамките на борбата против Ковид-19.

Бројот на смртните случаи во Јужна Кореја се зголеми на 260, а на случаите на зараза на 10.991 лице.

Во Русија бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 2.305 лица, а на случаите на зараза се искачи на 252.245 лица. Соопштено е дека оздравеа министерот за наука и високообразование Валериј Фалков и министерката за култура Олга Љубимова кои беа позитивни на Ковид-19.

Во Ирак кадешто има 115 смртни случаи, во изминатите 24 часа се дијагностицирани 119 новозаразени и како што се истакнува тоа претставува највисока бројка во последните денови.

Бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 246 лица, а на случаите на зараза на 16.548.

Министерството за здравство во Јемен соопшти дека со смртта на уште по едно лице во градовите Аден и Лахиџ бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 12 лица, додека заедно со новите 5 регистрирани случаи на зараза бројот на инфектираните лица во областите под контрола на јеменската влада се зголеми на 70 лица.

Во Саудиска Арабија со смртта на уште 9 лица бројот на починатите се зголеми на 273, а на случаите на зараза изнесува 44.830.

Во Белорусија кадешто има 146 починати во изминатите 24 часа се дијагностицирани 952-јца новозаразени со што вкупниот број на случаите на зараза се искачи на 25.825. 

Во Молдавија животот го загубија 184 лица, а бројот на случаите на зараза со раст за 252 лица се зголеми на 5.406.

Бројот на смртните случаи во Азербејџан со раст за 2 лица се зголеми на 35, а на случаите на зараза изнесува 2.758.

Во Узбекистан досега има 10 починати, а бројот на случаите на зараза со раст за 28 лица се зголеми на 2.596.

Во Таџикистан од Ковид-19 починаа 23 лица, а се регистрирани 801 случај на зараза.

Бројот на смртните случаи во Украина изнесува 439 лица, а на случаите на зараза се искачи на 16.425.

Бројот на смртните случаи на континентот Африка изнесува над 2.494 лица, а се регистрирани  72.527 случаи на зараза. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека на континентот со вирусот се заразени приближно илјада здравствени работници. 

Во Алжир бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 522, а на случаите на зараза на 6.067. Во земјата каде што во рамките на преземените мерки поради епидемијата од 17 март се затворени џамиите и Рамазан Бајрам на 24 мај ќе се клања во домовите.

Во Јужна Африка бројот на смртните случаи од вирусот изнесува 219, а се регистрирани 12.074 случаи на зараза.

Во Египет досега има 556 починати и 10.431 случај на зараза.

Во Лесото во јужниот дел на Африка во изминатите 24 часа се утврдени 2 случаи на зараза од Ковид-19. 

Бројот на човечките загуби во Тунис изнесува 45, а на случаите на зараза 1.032 лица. Како што е соопштено 4 дена како не се регистрирани нови случаи на зараза во земјата.

Во Судан бројот на починатите изнесува 90, а на случаите на зараза 1.818 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои источни и арапски земји и земји во Азија и Африка изнесува вака: Индија 2.551, Еквадор 2.334, Индонезија 1.028, Пакистан 770, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) 208, Мароко 189, Нигерија 164, Камерун 136, Кувајт 82, Сомалија 52, Демократска Република Конго 50, Либан 26, Гана 24, Брегот на Слоновата Коска 24, Сенегал, Сингапур 21, Оман 17, Гвинеја 14, Катар 14, Јемен 12, Габон 9 и Џибути 3.

 



Слични вести