Лавров: „САД не сакаат транспарентност во военото биолошко оружје“

САД формираа низа биолошки лаборатории ширум целиот свет, вклучувајќи ги и земјите членки на ШОС

1416708
Лавров: „САД не сакаат транспарентност во военото биолошко оружје“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека САД не сакаат да се воспостави транспарентност во врска со военото биолошко оружје во светот.“

На прес конференцијата што ја одржа по состанокот со министрите за надворешни работи на Шангајската организација за соработка (ШОС), Лавров рече дека на состанокот разговарале за епидемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19). Земјите членки на ШОС во борбата против Ковид-19 ќе преземат заеднички иницијативи со посредство на Обедниетите нации (ОН) и Светската зсравствена организациа (СЗО).

САД формираа низа биолошки лаборатории ширум целиот свет, вклучувајќи ги и земјите членки на ШОС, рече Лавров потенцирајќи дека се на страната за подготвување на протоколот со кој ќе се забрани биолошкото оружје.

САД самостојно се спротивставува ма овој предлог. САД не сакаат да се воспостави транспарентност во врска со воените биолошки активноти во светот, кој настан пак предизвикува прашања во врска со тоа што се селучува и кои цели се следат.

Рускиот министер посочи и на влошувањето на состојбата во Авганистан и рече дека со големо задоволство го прифатија претходно постигнатото примирје и мировен договор меѓу САД и Талибан.

Не се радуваме на застојот на овој договор бидејќи ја знаеме причината за тоа. Русија е спремна да даде придонес на тоа поле“ рече Лавров.



Слични вести