ЕУ го повтори повикот за прекин на огнот во Либија

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека страните во Либија треба да се однесуваат на одговорен начин и треба да бидат сопрени судирите во земјата

1416701
ЕУ го повтори повикот за прекин на огнот во Либија

Европската унија (ЕУ) истакна дека тензијата во Либија расте и го повтори повикот за прекин на огнот.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во објавеното писмено соопштение истакна дека страните во Либија треба да се однесуваат на одговорен начин и треба да бидат сопрени судирите во земјата.

Велејќи дека судирите во Либија пред се влијаат на цивилите, Борел рече дека не треба да се пробива ембаргото на оружје кое што го применуваат Обединетите нации (ОН).

Борел поради растечката тензија во Либија го повтори повикот за прекин на огнот.

Инаку, лидерот на илегалните вооружени групи во источниот дел на Либија Халифа Хафтар кој најпрвин издаде наредба за напад за заземање на главниот град Триполи, но потоа на крајот на минатата година од офанзива беше приморен да премине во одбрана, претрпените порази на теренот се обиде да ги надмине со обид за воен удар против своите сојузници.

Милициските сили на Хафтар во овој период ги засили одмаздничките напади врз областите со цивилни населени места во градот Триполи.



Слични вести