Турски лекар почина од Ковид-19 во Њу Џерси во САД

Во Њу Џерси во САД почина 68 годишниот турски лекар кој беше заразен од Ковид-19 во болницата кадешто ги лекуваше пациентите заболени од вирусот

1415417
Турски лекар почина од Ковид-19 во Њу Џерси во САД

Во сојузната држава Њу Џерси во Соединетите Американски Држави (САД) почина турскиот лекар Халил Сина Заим кој беше заболен од нов тип коронавирус (Ковид-19).

Турскиот лекар специјалист за кардиологија и интерна медицина 68 годишниот лекар Халил Сина Заим кој живееше во градот Монтеин Лејкс, беше заразен од Ковид-19 при лекување на заболените пациенти од вирусот. 

Заим почина во болницата каде што извесно време беше на лекување и е погребан во Њу Џерси.

68 годишниот турски лекар Халил Сина Заим е роден во 1951 година во Анкара и доби медицинско образование во Анкара, Канада, Швајцарија и САД. 

Како што се истакнува во негова чест  ќе бидат посадени фиданки од страна на Турско-американската асоцијација за медицина (TAMA).

Според добиени информации од дипломатски извори, досега во Соединетите Американски Држави (САД) од новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија вкупно 23 турски граѓани од кои 19 во Њујорк и Њу Џерси, 3 во Чикаго и 1 во Флорида. 



Слични вести