Состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот во изминатите 24 часа

Бројот на смртните случаи во САД од Ковид-19 надмина 81.790, во Велика Британија на 32.065, Италија 30.739, Шпанија 26.744, Франција 26.643, Бразил 11.653, Белгија 8.707, Германија 7.661, Холандија 5.510, Канада 4.993, Шведска 3.256, Еквадор 2.145

1415334
Состојбата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот во изминатите 24 часа
Korona İngiltere 3.jpg
abd koronavirus.jpg
abd kovid.JPG
ispanya koronavirüs.jpg
fransa koronavirüs paris.jpg
new york süperhaber.jpg
new york covid-19.jpg
covid-19 new york
koronavirüs ABD New York.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
ispanya karantina sonrası (11).jpg
ispanya karantina sonrası (7).jpg
ispanya karantina sonrası (8).jpg
italya sosyal mesafe.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
super italya covid-19
koronavirüs Belçika.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 288 илјади, на случаите на зараза изнесува над 4 милиони 287 илјади, додека досега оздравеа и над 1 милион 544 илјади 700 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на глобалната епидемија, бројот на починатите се зголеми на 81.987 лица, а има и приближно 1 милион 387 илјади 500 случаи на зараза. Американскиот претседател Донлд Трамп истакна дека бројот на случаите на зараза и починатите речиси секаде во земјата се намалува и дека сликата оди кон добро. Во Њујорк којшто е најмногу погоден од епидемијата оваа недела се премина кон нова фаза и се прават подготовки за отворање на некои сектори, меѓутоа во оваа сојузна држава се утврдени и повеќе од 5 илјади смртни случаи од непозната причина. 

Од друга страна, Белата куќа препорача да бидат направени тестови во домовите за стари кадешто се доживеани една третина од смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата, како и на сите вработени и на старите лица. Експерти истакнуваат дека причина за смртните случаи во домовите за стари се недоволниот број на персонал (вработени) и недоволниот број на направени тестирања на старите лица. Во меѓувреме, во рамките на мерките против новиот тип коронавирус е донесена одлука за задолжително носење маски за вработените во Вест Винг (Западното Крило) во Белата Куќа, каде се наоѓаат канцелариите на управата.

Во Велика Британија, епицентарот на епидемијата во Европа, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 32.065, а на случаите на зараза на 223.060. Велика Британија е втора во светот по бројот на починатите по САД, а прва во Европа. Британскиот премиер Борис Џонсон објави план со упатства составен од 50 страници за постепено укинување на мерките за Ковид-19. Велејќи дека да се чека да се пронајде вакцина или начин на лекување не може да претставува план, Џонсон рече: „Пронаоѓањето на вакцина или начин на лекување може да трае повеќе од една година. Па дури при најлошо сценарио би можеле и да не ја пронајдеме вакцината никогаш.“ Во меѓувреме, владата која застанува во одбрана на тоа дека постојат многу мали докази за тоа оти маската помага во спречувањето ан ширењето на вирусот, за прв пат упати повик до народот да носат маски во затворени простории кадешто се во контакт со лица надвор од семејството.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа со раст за 179 лица, се зголеми на 30.739 од кои 160 се лекари. Вкупниот број на дијагностицираните лица со коронавирусот во земјата изнесува 219.814 лица, бројот на активни случаи се намали за уште 836 лица и опадна на 82.488, а со раст за уште 1.401 лице во изминатите 24 часа досега оздравеа вкупно 106.587 лица. 

Во Шпанија бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 26.744 лица, а на случаите на зараза на 268.143. Досега оздравеа вкупно 177.846 лица.

Бројот на смртните случаи во Франција, со раст за уште 263 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 26.643, а на регистрираните случаи на зараза од вирусот со раст за 456 лица се искачи на вкупно 211.184.

Во Бразил бројот на починатите од епидемијата на Ковид-19 со раст за уште 530 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на  вкупно 11.653, а на регистрираните случаи на зараза со раст од 6.895 лица се искачи на вкупно 169.594.

Во Белгија, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 8.707 лица, а на случаите на зараза достигна до 53.081 лице.

Во Германија бројот на смртните случаи изнесува 7.661 лице од кои 152-јца се Турци, додека во земјата се регистрирани повеќе од 172 илјади случаи на зараза.

Во Мексико бројот на починатите се зголеми на вкупно 3.573 лица, од кои 111 се здравствени работници, а на случаите на зараза се искачи на 36.327. 

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои западни и европски земји е вака: Холандија 5.510, Канада 4.993, Шведска 3.256, Еквадор 2.145, Перу 1.961, Швајцарија 1.854, Ирска 1.467, Португалија 1.144, Романија 982, Полска 811, Филипините 726, Австрија 620, Данска 533, Колумбија 479, Доминиканската Република 393, Чиле 323, Србија 218, Северна Македонија 92.



Слични вести