Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка во изминатите 24 часа

Пандемијата продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1415337
Состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка во изминатите 24 часа

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 288 илјади, на случаите на зараза изнесува над 4 милиони 287 илјади, додека досега оздравеа и над 1 милион 544 илјади 700 лица.

Пандемијата продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Иран бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 6.733, а на регистрираните случаи на зараза на 107.603 лица. Досега оздравеа 86.143 лица, а здравствената состојба на 2.675 пациенти е тешка. Училиштата во Иран кои беа затворени на 5 март, ќе бидат повторно отворени на 16 мај.

Во Русија која се наоѓа меѓу земјите со најголем број на регистрирани случаи на зараза од Ковид-19 во последните денови, повеќе од една недела како дневниот број на дијагностицираните лица позитивни на Ковид-19 изнесува над 10 илјади. Вкупниот број на случаите на зараза од коронавирусот во земјата се зголеми на 232.243 лица, а бројот на смртните случаи достигна до 2.116 лица. Од друга страна, портпаролот на претседателскиот дворец Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека добил позитивен тест на Ковид-19.

Од друга страна пак, рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) од 12 мај (денеска) ќе се укинат одморите за вработените во јавниот сектор. Велејќи дека епидемијата на Ковид-19 влијае негативно на приходите и општата економска состојба на руските граѓани, Путин рече: „Подготвивме нов пакет за поддршка на граѓаните и економијата во процесот на нормализација.“

Според објавеното соопштение од Центарот за контрола и спречување на болести на Африка (Africa CDC), бројот на регистрираните случаи на зараза од Ковид-19 на континентот се зголеми на вкупно 66.373, а на смртните случаи се искачи на вкупно 2.336. Бројот на оздравените пак, изнесува 23.095 лица.

Бројот на смртните случаи во некои земји во Африка изнесува вака: Египет 533, Алжир 507, Мароко 188, Јужна Африка 206, Нигерија 150, Камерун 114.

Во Лесото, земја во Јужна Африка се уште не е утврден ниту еден случај на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Земји со најголем број регистрирани случаи на зараза во Африка се Јужна Африка, Египет, Мароко, Алжир, Гана, Нигерија и Камерун.

Бројот на смртните случаи во некои источни земји, арапски земји и Азија пак, изнесува вака: Кина 4.633, Индија 2.294, Индонезија 1.007, Пакистан 706,Јапонија 633,Украина 425, Јужна Кореја 258, Израел 258, Саудиска Арабија 255, Бангладеш 239, Јужноафриканската Република 206, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) 201, Молдавија 179, Белорусија 135, Ерменија 47, Казахстан 32, Сингапур 21, Киргизистан 12, Грузија 11, Узбекистан 10.

 



Слични вести