Во топовските истрели на либиската армија јужно од Триполи загинаа повеќе од 10 припадници на Хафтар

Либиската армија реализира топовски истрели врз милициските сили лојални на лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата пучистот Халифа Јафтар во кои загинаа повеќе од 10 припадници на милициските сили

1415116
Во топовските истрели на либиската армија јужно од Триполи загинаа повеќе од 10 припадници на Хафтар

Во реализирани топовски напади на либиската армија врз милициските сили лојални на пучистот Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата, се неутрализирани повеќе од 10 припадници на милициските сили.

Во објавеното писмено соопштение од канцеларијата за печат на операцијата Вулкан на гневот на либиската влада се истакнува дека во операциите коишто продолжуваат во областа Ал Мешру јужно од главниот град Триполи против милициските сили на Хафтар, се уништени 4 набљудувачки пунктови и се неутрализирани 18 припадници на милициските сили и платеници од кои некои се убиени, а некои ранети.

Во соопштението се вели дека во отворенот топовски оган од страна на топовските единици се уништени и неколку воени возила и дека целите се погодени успешно и со стопроцентна прецизност. 

Инаку, јужно од главниот град на Триполи се водат жестоки судири помеѓу либиската армија и милициските сили лојални на пучистот Хафтар.

Хафтар кој во последно време претрпува низа загуби пред либиската армија, реализира напади врз цивилните населени места во Триполи и во овие напади гинат голем број цивили.

 



Слични вести