Во експлозија во Баб во Сирија загинаа 11 лица

Пожарникарските екипи веднаш интервенираа на местото каде што изби пожарот и повредените беа префрлени на лекување во болниците во Баб

1414676
Во експлозија во Баб во Сирија загинаа 11 лица

Во експлозијата на бомбата поставена во еден пакет во градот Баб на северната страна на Сирија  за време на ифтар загинаа 11 лица.

Пакетот со бомба што беше оставен на една од најпрометните улици Раи во градот Баб којшто беше исчистен од тероризмот во рамките на операцијата „Еуфратски штит“ на Турските вооружени сили (која што беше остварена од 29 март до 24 август 2017), експлодираше за време на ифтарот.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за национална одбрана беше истакнато дека во нападот загинаа најмалку 11 лица.

Пожарникарските екипи веднаш интервенираа на местото каде што изби пожарот и повредените беа префрлени на лекување во болниците во Баб.

По експлозијата беше предизвикана материјална штета.

Приврзаниците на безбедносните сили кои извршија испитување на ,естото на настанот истакнаа дека голема е веројатноста нападот да е извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Сепаратистичката организација продолжува со окупацијата на подрачјата Тел Рифат и Мунбич, поради што мног учесто реализира терористички акции во Баб, Азез, Џераблус и Африн.



Слични вести