Предупредување од ЕУ до Израел во врска со анексијата на териториите на Западниот Брег

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано рече: „Според ЕУ анексијата е во спротивност со меѓународното право и доколку тоа биде остварено ЕУ е спремна да ги фрли неопходните чекори.“

1415194
Предупредување од ЕУ до Израел во врска со анексијата на териториите на Западниот Брег

Европската Унија (ЕУ) истакна дека секој обид на Израел за анексија е во спротивност со меѓународното право и дека е подготвена да ги преземе неопходните чекори во случај на имплементација на таквиот обид.

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано, на одржаната редовна дневна прес-конференција  говореше во врска со објавувањето на некои вести во врска со тоа дека ЕУ се подготвува да применува санкции против Израел во случај на анексија на териториите на окупираниот Западен Брег.

Стано истакна дека Европската Унија (ЕУ) повеќе пати досега се огласи во врска со плановите за анексија и го рече следното: „Според ЕУ анексијата е во спротивност со меѓународното право и доколку тоа биде остварено ЕУ е спремна да ги фрли неопходните чекори.“

Според меѓународното право, сите еврејски населби коишто се наоѓаат на окупираните палестински територии се сметаат за илегални.



Слични вести