Несреќа за време на поморска воена вежба во Иран: 19 загинати и 15 ранети

Канцеларијата за односи со јавноста на Командата на поморските сили на Иран соопшти дека во несреќата што се случи вчера за време на поморската воена вежба во Персискиот залив загинаа 19 лица, а 15 се ранети

1414789
Несреќа за време на поморска воена вежба во Иран: 19 загинати и 15 ранети

Во инцидент за време на поморска воена вежба вчера во Персискиот залив во Иран загинаа 19 лица, а 15 се ранети.

Според веста на иранската официјална новинска агенција "ИРНА", Канцеларијата за односи со јавноста на Командата на поморските сили на Иран објави соопштение во кое се истакнува дека во несреќата што се случи вчера за време на поморска воена вежба во Персискиот залив предизвикана од воениот брод Конарек загинаа 19 лица, а 15 лица се ранети.

Во соопштението се вели дека воениот брод Коранек е повлечен во пристаништето, но не беа дадени информации во врска со деталите на инцидентот.

Иранските медиуми соопштија дека иранската морнарица за време на воената вежба во Персискиот залив погодила по грешка сопствен воен брод и притоа во инцидентот загинаа десетици лица.

Во објавеното соопштение од иранската армија утрово пак, беше соопштено дека се случи инцидент предизвикан од воениот брод Конарек и дека загина едно лице.



Слични вести