МИТ ја спаси Италијанката Романо која беше киднапирана во Кенија

Италијанката Силвија Констанџо Романо била волонтерка во хуманитарната организација Африка Милелел Онлус

1414813
МИТ ја спаси Италијанката Романо која беше киднапирана во Кенија

Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) како резултат на координираната соработка ја спаси Италијанката која беше киднапирана во Кенија и однесена во Сомалија.

Италијанските власти поднесоа барање до МИТ за пронаоѓање на 25 годишната Италијанка Силвија Констанџо Романо која во ноември 2018 година од подрачјето Чакама беше киднапирана и однесена во Сомалија.

Врз база на тоа, МИТ во декември 2019 почна со теренски истражувања за состојбата на Романо во подрачјето.

Во соработка со локалната разузнавачка мрежа, МИТ утврди дека Романо е жива.

Како резултат на успешните активности, претходниот ден Романо беше спасена жива и предадена на италијанските власти во Могадишу.

Според информациите во италијанските медиуми, Романо била волонтерка во хуманитарната организација Африка Милелел Онлус, поради што одреден период престојувала во Кенија.

Ослободувањето на Романо наиде на широк оддек во итаијанските медиуми и во коментарите беше акцентирано на силното влијание во регионот.

Од друга страна пак, според информациите кои беа објавени во италијанските медиуми, Романо во исказот рече дека самата преминала во исламот без никаква присила.



Слични вести