Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 281 илјада

Бројот на заразените над 4 милиони 162 илјади, а на оздравените над 1 милион 468 илјади

1414590
Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 281 илјада

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во светот изнесува над 281 илјада, на заразените над 4 милиони 162 илјади, а на оздравените над 1 милион 468 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во последните 24 часа во американската сојузна држава Њујорк во  Соединетите Американски Држави која важи за седиште на епидемијата, од 27 март наваму беше забележан најмал број. Во последните 24 часа во сојузната држава умреа 207, додека 521 лица беа заразени.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Велика Британија која важи за центар на епидемијата во Европа, во последните 24 часа се зголеми за уште 269 лица и изнесува над 31 855. Бројот на заразените во истиот период со раст од 3 923 се зголеми на 219 183. Премиерот Борис Џонсон во обраќањето до нацијата рече дека олабавуваето на мерките во врска со новиот тип на коронавирусот е ограничен само со луѓето кои ќе излезат надвор да вежбаат и работниците кои ќе работат во градежниот сектор и фабриките и лицата кои не можат да работат од дома.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија во последните 24 часа се зголеми за 165 и изнесува 30 560, додека бројот на заразените со намалување на 518 опадна на 83 324. Премиерот Џузепе Конте во интервјуто за весникот Кориере дела Сера рече дека претстојните месеци ќе поминат доста тешко и летото нема да помине во каранти, туку секој на одмор ќе може да оди на море или на планина.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Франција во последните 24 часа се зголеми за 70 и изнесува 26 380, додека бројот на заразените забележа пораст за 209 и изнесува 210 728. Според овие податоци, од 17 март беше забележан најнизок раст во бројот на смртните случаи. Почнувајќи од денес постепено се олабавуваат рестриктивните мерки кои беа преземени поради Ковид-19. Состојбата со епидемијата повторно ќе биде разгледана на 2 јуни.

Германскиот Институт Роберт Кох кој раководи со активностите за инфективни болести сопшти дека стапката на зараза во Германија од 0,65 се зголеми на 1,1 отсто. Оваа стапка предизвикува голема загриженост, поради што многу треба да се вимава на превентивните мерки како што социјалната дистанца, ставањето маска.Германската канцеларка Ангела Меркел на прес конференцијата на 15 април предупреди дека во случај стапката на зараза се сикачи на ниво од 1,1 отсто и остане на тоа ниво, тогаш здравствениот системво октомври ќе го надмине капацитетот.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Чешка се зголеми на 276, додека бројот на заразените изнесува 8 095.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Полска се зголеми на 791, додека бројот на заразените изнесува 15 821.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Србија се зголеми на 215, додека бројот на заразените изнесува 10 114.

Во продолжение ви ги пренесуваме бројките за смртните случаи од Ковид-19 во некои други европски земји.

Во Швајцарија 1 830, во Португалија 1 135, Шведска 3 225, Австрија 618, Романија 952, Данска 529, Финска 267, Унгарија 413, Хрватска 90, Словенија 102, Босна и Херцеговина 107, Северна Македонија 91.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил се зголеми на 496, додека бројот на заразените се зголеми за 6 670 и изнесува 162 699. Од друга страна фотографиите на претседателот Жаир Болсонаро  како вози џет ски на езерото параноа во главниот град Бразилија.



Слични вести