Во Венецуела се запленети 3 воени чамци на поморските сили на Колумбија

Во објавеното писмено соопштение од Боливарските национални вооружени сили (FANB) се истакнува дека на 9 мај се пронајдени 3 напуштени воени чамци на брегот на реката Ориноко во градот Џедено во провинцијата Боливија

1414241
Во Венецуела се запленети 3 воени чамци на поморските сили на Колумбија

Во Венецуела се запленети 3 воени чамци со назнака на Поморските сили на Колумбија.

Во објавеното писмено соопштение од Боливарските национални вооружени сили (FANB) се истакнува дека на 9 мај се пронајдени 3 напуштени воени чамци на брегот на реката Ориноко во градот Џедено во провинцијата Боливија. 

На воените чамци „Boston Wheeler“ на кои се наоѓала назнака на флотата на Колумбија, освен муниција биле пронајдени и митралези со калибар од 50 милиметри и пушти М60.

На фотографиите споделени заедно со запленетите материјали, на воените чамци со голема количина муниција и пушки се гледа назнаката „ARC“ којашто означува скратеница на „Флота на Република Колумбија“.

Инаку, безбедносните сили во Венецуела на 3 мај започнаа операција против лицата кои се обидуваа да влезат во земјата од море.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро застана во одбрана на тоа дека фатените лица се поддржани од страна на Соединетите Американски Држави (САД) и Колумбија и дека се поврзани со претседателот на Националното Собрание (АН) на Хуан Гуаидо.



Слични вести