Состојбата со пандемијата на Ковид-19 во светот во изминатите 24 часа

Бројот на смртните случаи во САД од Ковид-19 се зголеми на приближно 80 илјади лица, во Велика Британија на 31.587, Италија 30.395, Шпанија 26.478, Франција 26.300, Бразил 10.627, Белгија 8.581 лице, Германија 7.549, Холандија 5.422, Канада 4.693

1414137
Состојбата со пандемијата на Ковид-19 во светот во изминатите 24 часа
covid-19 new york
koronavirüs ABD New York.jpg
new york süperhaber.jpg
Koronavirüs ABD New York Wall Street.jpg
abd koronavirus.jpg
abd kovid.JPG
ingiltere.jpg
Koronavirüs İngiltere.3.jpg
Korona İngiltere 3.jpg
Korona İngiltere 2.jpg
super italya covid-19
italya sosyal mesafe.jpg
koronavirüs İtalya.jpg
ispanya koronavirüs.jpg
ispanya karantina sonrası (12).jpg
ispanya karantina sonrası (11).jpg
ispanya karantina sonrası (7).jpg
SÜPER FOTO KORONA.İSPANYA.1.jpg
İspanya koronavirüs tedbirler 1.jpg
Koronavirüs İspanya.4.02.04.jpg
fransa paris.jpg
fransa paris bos sokaklar.jpg
fransa koronavirus.jpg
koronavirüs Brezilya.jpg
koronavirüs Belçika.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 280 илјади 880, а на случаите на зараза изнесува над 4 милиони 123 илјади лица.

Бројот на оздравените пак, досега изнесува околу 1 милион 451 илјада 650 лица.

Во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на глобалната епидемија, бројот на починатите се зголеми на вкупно 80.056 лица, на случаите на зараза се искачи на 1 милион 348 илјади 315, а досега оздравеа над 225 илјади лица. Американскиот претседател Доналд Трамп оствари одделни телефонски разговори со своите колеги од Перу и Панама, и им понуди медицинска помош на овие земји. Директорот на Центарот за контрола и спречување на болести (CDC) Роберт Редфилд и Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести д-р Антони Фауџи донесоа одлука да се стават во карантин и да работат онлајн (од далеку) во текот на 2 недели.

Во Велика Британија која е дојдена во состојба на епицентар на глобалната епидемија во Европа, бројот на починатите од Ковид-19 со раст за 346 лица во изминатите 24 часа, се зголеми на вкупно 31.587. За еден ден се направени 96.878 теста од кои се дијагностицирани 3.896 новозаразени, а вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 215.260 лица.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 во изминатите 24 часа со раст за 194 лица, се зголеми на вкупно 30.395. Вкупниот број на дијагностицираните лица во земјата изнесува 218.268 лица, бројот на активни случаи се намали на околу 80 илјади, додека досега оздравеа над 103 илјади лица.

Во Шпанија бројот на починатите со раст за 143 лица што претставува и најнизок дневен раст од 19 март досега, се зголеми на вкупно 26.621. Вкупниот број на случаите на зараза во земјата се зголеми на 223.578, а досега оздравеа  133.952 лица.

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Франција, кадешто со раст за уште 80 лица во изминатите 24 часа е остварен и најнискиот дневен раст во бројот на смртните случаи, се зголеми на вкупно 26.310, а на случаите на зараза со раст за 433 лица се искачи на 210.519.  Досега оздравеа и 56.038 пациенти заболени од коронавирусот. Во земјата почнувајќи од утре постепено и по желба ќе бидат отворени градинките и основните училишта, а ќе бидат отворени и работните места, продавниците, фризерските салони, малите музеи и библиотеките, со исклучок на кафетериите и рестораните.

Во Германија кадешто од Ковид-19 починаа 6.589 лица се регистрирани вкупно 171.324 случаи на зараза. Во меѓувреме, во различни градови во земјата се одржуваат и протести против мерките за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во Бразил која е најмногу погодена земја во Латинска Америка, билансот од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) станува се потежок. Бројот на починатите во изминатите 24 часа со раст за 730 лица се зголеми на 10.627, а на случаите на зараза со раст за 10.611 лица се искачи на 155.939.

Бројот на починатите во Чешка се зголеми на 276 лица, а на бројот на случаите на зараза на 8.095.

Во Полска бројот на починатите од епидемијата се зголеми на 791 лице, а на случаите на зараза на 15.821. Почнувајќи од 18 мај ќе биде фрлен третиот чекор за нормализирање на животот во земјата.

Во Србија бројот на починатите се зголеми на 215, а на инфектираните на 10.114 лица

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои западни и европски земји е вака: Белгија 8.581 лице, Холандија 5.422, Канада 4.693, Шведска 3.225, Мексико 3.160, Швајцарија 1.830, Перу, 1.814, Еквадор 1.717. Ирска 1.446, Португалија 1.135, Романија 952, Австрија 618, Данска 529, Финска 267, Унгарија 413, Босна и Херцеговина 107,  Словенија 102, Северна Македонија 91, Хрватска 90.

 



Слични вести