Состојбата со пандемијата на Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Пандемијата продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка

1414171
Состојбата со пандемијата на Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка
rusya koronavirüs.jpg
Koronavirüs Rusya.3.jpg
Rusya Koronavirüs.3.08.04..jpg
rusya korona.jpg
Koronavirüs Rusya.3.02.04.jpg
çin koronavirüs.jpg
koronavirüs Çin.jpg
koronavirüs Çin.jpg
China.jpeg
China.jpeg
iran.JPG
iran.jpg
Koronavirüs Japonya.4.11.04.jpg
Koronavirüs Japonya.1.11.04.jpg
koronavirüs Güney Kore 01.jpg
super covid 19 guney afrika
guney afrika cmh. korona.jpg
afrika kovid.jpg
afrikakorona.jpg
Güney Afrika.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 280 илјади 880, а на случаите на зараза изнесува над 4 милиони 123 илјади лица.

Бројот на оздравените пак, досега надмина 1 милион 451 илјада 653 лица.

Пандемијата продолжува да се шири и да одзема животи и во источните земји, а поготово во арапските земји и земјите во Азија и Африка.

Во Кина, изворната земја на епидемијата, животот го загубија 4.633 лица, а се регистрирани 82.901 случај на зараза. Во објавеното писмено соопштение од Националната комисија за здравство се истакнува дека во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани 14 нови случаи на зараза од кои 2 по потекло од странство и 12 од домашно потекло и дека нема нов смртен случај од вирусот. Кина истакна дека е подготвена да и даде поддршка на Северна Кореја во борбата против Ковид-19.

Бројот на починатите од епидемијата во Јужна Кореја изнесува 256 лица, додека бројот на заразените лица со регистрирање на уште 34 нови случаи во изминатите 24 часа се искачи на 10.874. Претседателот на Јужна Кореја Мун Јае-ин во дадената изјава за печатот упати повик до народот да не западне во паника пред порастот на случаите на зараза. Во петокот за прв пат по 5 дена бројот на регистрираните случаи на Ковид-19 во Јужна Кореја дневно се зголеми на над 10 случаи.

Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Кудрет Озерсај во писмото коешто го испрати до Светската Здравствена Организација (СЗО) го напиша следното: „Турската Република Северен Кипар (ТРСК) би можела да е првата земја во која 19 дена како не е регистриран нов случај на зараза. Во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) се отпуштени од болница сите заболени пациенти кои се наоѓаа на лекување од Ковид-19.“

Бројот на случаите на зараза од Ковид-19 во Израел се зголеми на 247 лица, а на случаите на зараза на 16.454.

Во Русија која по бројот на случаите на зараза продолжува да се наоѓа на петто место во светот, по САД, Шпанија, Италија и Велика Британија, досега се регистрирани вкупно 198.676 позитивни случаи на Ковид-19. Бројот на починатите во земјата изнесува 1.915 лица.

Бројот на починатите од Ковид-19 на континентот Африка со раст за 77 лица се зголеми на 1.151 лице. Во објавеното соопштение од Центарот за контрола и спречување на болести на Африка (Africa CDC) се истакнува дека во изминатите 24 часа се регистрирани уште 3.719 новозаразени и вкупниот број на случаите на зараза од Ковид-19 на континентот се зголеми на 57.746.

Бројот на починатите во Египет се зголеми на 514 лица, во Алжир на 494, Мароко 186, Јужна Африка 178, Нигерија 117, Камерун 108, Тунис 45.

Земји со најголем број регистрирани случаи на зараза во Африка се Јужна Африка, Египет, Мароко, Алжир, Гана, Нигерија и Камерун.

Бројот на смртните случаи во некои источни земји, арапски земји и земји во Азија изнесува вака: Иран 6.640, Индија 2.101, Индонезија 973, Пакистан 618, Јапонија 603, Украина 391, Израел 247, Бангладеш, 206, Авганистан 115, Саудиска Арабија 239, Обединети Арапски Емирати 185, Молдавија 165, Ирак 107, Кувајт 49, Ерменија 45, Казахстан 31, Сингапур 20, Катар 13, Оман 17, Грузија 10, Узбекистан 10,Бахреин 8, Јемен 7, Ирак 107 лица.

 



Слични вести