Пожар во болница во Москва со пациенти заболени од Ковид-19

Според веста на руската новинска агенција „ТАСС“, на приземјето на една болница во Москва во која се лекуваат пациенти заразени од коронавирусот избувнал пожар и притоа животот го загубило едно лице

1414177
Пожар во болница во Москва со пациенти заболени од Ковид-19

Во пожар којшто се појавил во една болница во главниот град на Русија, Москва, во која се сместени пациенти заболени од новиот тип коронавирус (Ковид-19), животот го загуби едно лице.

Според веста на руската новинска агенција „ТАСС“ ослоновувајќи се изјавите на функционери на руското министерство за итни состојби, пожарот во една болница во Москва во која се лекуваат пациенти заразени од коронавирусот избувнал на приземјето и притоа животот го загубило едно лице.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека сите пациенти и вработени се евакуирани.

Според првични претпоставки, причина за пожарот бил дефект на медицинска опрема во болницата.



Слични вести