Канада: 8 милиони од 11 милиони купени маски од Кина не ги задоволија стандардите

Министерката за купување на покраината Квебек Анита Ананд истакна дека од 11 милиони купени маски од Кина ги задоволиле стандардите само приближно 1 милион, 8 милиони не биле погодни за употреба, додека останатите биле во фаза на тестирање

1414179
Канада: 8 милиони од 11 милиони купени маски од Кина не ги задоволија стандардите

Како што се дознава 8 милиони од вкупни 11 милиони маски од типот N95 коишто Канада ги купила од Кина не ги задоволуваат стандардите.

Министерката за купување на покраината Квебек Анита Ананд истакна дека од 11 милиони купени маски од Кина ги задоволиле стандардите само приближно 1 милион маски, додека 8 милиони не биле погодни за употреба.

Велејќи дека останатите купени маски се во фаза на тестирање, Ананд рече дека 8 милиони маски коишто не ги задоволуваат стандардите ќе бидат употребени на друг начин.

Од друга страна пак, во канадскиот печат заземаат вести и околу тоа дека биле утврдени грешки и кај 1 милион маски од типот N95 коишто исто така биле увезени од Кина минатиот месец.

Од страна на федералната влада на Канада засега не е објавено соопштение по прашањето.



Слични вести