Во ракетен напад на милициските сили на Хафтар во Либија загинаа 4 цивили од исто семејство

Милициските сили на Хафтар кои во последно време претрпуваат низа загуби пред либиската армија, минатата недела реализираа низа напади врз цивилни населени места во главниот град Триполи  во кои загинаа 15 цивили, а повеќе од 30 цивили се ранети

1413975
Во ракетен напад на милициските сили на Хафтар во Либија загинаа 4 цивили од исто семејство

Во реализираниот ракетен напад на милициските сили лојални на лидерот на нелегитимните вооружени сили  во источниот дел на Либија пучистот Халифа Хафтар врз главниот град Триполи загинаа 4 лица од исто семејство.

Потсекретарот за печат на либиското министерство за здравство Емин ал Хашими во споделената обајав ан својот профил преку социјалната медија истакна дека во реализираниот ракетен напад на милициските сили лојални на Хафтар врз областа Ајн Зара на југот на Триполи загинаа 4 лица од исто семејство кои во моментот на нападот беа на ифтарска софра.

Во меѓувреме, либискиот премиер Фајез ал Сараџ по истреланите ракети од страна на милициксите сили лојални на лидерот на нелегитимните вооружени сили  во источниот дел на Либија пучистот Халифа Хафтар кои паднаа во близина на амбасадите на Турција и Италија во Триполи ги побара по телефон амбасадорот на Турција во Триполи Серхат Аксен и амбасадорот на Италија во Триполи Џузепе Бучино од чија страна беше информиран во врска со состојбата во амбасадите.

Сараџ, вчерашните напади во кои загинаа 3 лица ги окарактеризира како „дувјачки извршено злосторство“ и истакна дека милициските сили на Хафтар по претрпените загуби на теренот реализираат низа кукаивчки напади врз циивлни населени места. 

Од друга страна, портпаролот на операцијата Вулкан на гневот којашто се реализира од страна на либиската армија Мустафа ал Меџаи истакна дека милициските сили лојални на Хафтар истрелаа ракети врз аеродромот Митига во Триполи и маалото Шурфет ал Мелаха во негова близина.

Меџаи рече дека во ракетните напади коишто траеле приближно еден час е причинета материјална штета и дека нема било какви човечки загуби.

Воздушните сили на либиската армија пак, реализираа 6 возудшни напади врз воената воздухопловна база Ватије, околината и патиштата за нејзино снабдување, во која се распоредени милициски сили лојални на Хафтар и која се наоѓа јужно од главниот град Триполи.

Во вчерашните реализирани воздушни операции беа неутрализирани 70 припадници на милициските сили на Хафтар, а беа уништени и воени возила натоварени со оружје и муниција.

Во меѓувреме, Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Либија (УНСМИЛ) ги осуди нападите врз цивилните населени места во главниот град на Либија, Триполи без притоа да се прави разлика кои стануваат причина за голем број цивилни загуби, а воедно соопшти дека овие напади се документираат за споделување со Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Инаку, милициските сили лојални на лидерот на нелегитимните вооружени сили  во источниот дел на Либија пучистот Халифа Хафтар кои во последно време претрпуваат низа загуби пред единиците на либиската армија, минатата недела реализираа низа напади врз цивилни населени места во главниот град Триполи во кои загинаа 15 цивили, а повеќе од 30 цивили се ранети.

Во реализираните напади врз Триполи само од 5 до 7 мај загинаа 14 цивили.



Слични вести